Автор Тема: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service  (Прочитано 104634 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #15 на: 28 Октомври 2013, 10:20:19 am »
Веројатно погрешно се изразив. Сакав да кажам се губат коњи наместо да има добивка од 10кс по налепница :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #16 на: 28 Октомври 2013, 10:28:20 am »
Јас пишав во другата тема, да дојдам во Скопје ќе го ставам графикот да ја видите кривата.

Се немам прибрано дома како што треба од вчера :)

Минито нема да има никакви дополнителни модификации затоа што сум задоволен од перформансите, иако бројките викаат дека има минимална разлика од фабрички Купер с.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #17 на: 28 Октомври 2013, 11:48:05 am »
Значи резултатите се такви какви што се и нема ништо за криење,тие што беа таму видоа и верувам дека и повеќето членови знаат какви се ама еве и тука ќе ги ставам.
Фабрички декларирана сила кај мене е 106кс и 240нм.

Значи колата пред мерењето ја возев без чип неколку дена и на првото мерење извади 109кс со 235нм.

Второто мерење беше со RaceChip ама одма ставен и одма мерено без да ја повозам колата а мислам дека треба некое време да се прилагоди на новите параметри кои ги добива од RaceChip.
Без разлика како било колата извади 112кс и 261нм со RaceChip.Очигледно е дека со чипот се зголемува торкот и затоа се осеќа дека колата многу подобро повлекува,мислам дека ќе извадеше подобри резултати доколку ја повозев некое време со RaceChip.

Деновиве ќе се оди пак во Автотек па ќе има ново мерење дали со RaceChip или со нешто друго,ама се надевам дека дечките од Автотек ќе извадат многу подобри бројки.Сето тоа ќе биде презентирано во оваа тема или во мојата гаража.

Еве и слики




Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #18 на: 28 Октомври 2013, 11:52:15 am »
Одлична крива :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #19 на: 28 Октомври 2013, 11:54:18 am »
Ќе биде и подобра ;)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #20 на: 28 Октомври 2013, 12:14:44 pm »
не рачунате на какви гориво возиме :) дека можеби затоа снагата е помала од декларираната, иако и фабрички има отстапување од декларираното

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #21 на: 28 Октомври 2013, 13:05:24 pm »
значи симо и члинк... ке идеме заедно ако сакате... сабајлево се слушнав со горан,поточно он ми се јави и рече дека ке добие апгрејт на софтверот за мерење автоматици и да мериме пак. секако заинтересиран сум за чипување, ми даде и одлична цена за тоа, па ке има мерење и такво т.е. со и без чип.

сакав да кажам, можеме да се организираме да идеме заедно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #22 на: 28 Октомври 2013, 13:24:22 pm »
Вчера присуствував на Автотек DYNO собирот. Најмногу заради дружба и зезање, но и да видам дали стварно овие од VAG лажат со податоците за силата на моторите ( така сум читал), па да провериме.

Условите за мерење беа идеални, момците од Автотек крајно професионални во секој поглед, од превземање на возило, монтирање, до обезбедување скоче или вода за сите присутни на собирот.

Горивото кое е користено во Леонот е 98 октански безоловен бензин од Лукоил. Промена на масло, филтер за масло и воздух како што напоменав погоре е направено ден порано.
Леонот е без никакви модификации, освен 2 лепенки :)

Прво да се заузда да не избега некаде :)







И после резултатите:







Леонот фабрички е деклариран 125кс и 200Нм
На дино измерено 132кс и 210Нм

Заебавајте се вие, ама лепенкиве КарКлуб си даваат коњчиња  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #23 на: 28 Октомври 2013, 14:32:57 pm »
Еве ги резултатите:

1. Yarre (Audi A6 2.0 TDI 170KS)   
2. Sashe07 (VW Golf 4 GTI 2xxKS) 206KS
3. Simo - Carrier166 (Alfa Romeo 166 FL, 2.0 Twin Spark 150KS)
4. Bu$aV MeGaNe (Renault Megane 1.5 Dci 106 GT-Line) 112KS и 261NM
5. Chlink (Alfa Romeo 156 Twin Spark 1.8 ) (несигурен)
6. Marjanot (Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift 125HP) 132KS 210Nm
7. Banzai  (Mini Cooper S 180KS) 185KS
8. онак (volvo v70 140KS) и јас сакам да направам мерење едно на бензин едно на плин. 118KS
9. -Darko-
10. Comang
11. Bad-Gamer Renault Clio RS 172 169ks
12. Bad-Gamer Yugo 1.2 Gr. H


Јас сега за сега не гледам причини за разочарување :) CARclub налепниците си вредат коњиќи ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #24 на: 28 Октомври 2013, 15:01:37 pm »
Не знам дали смеам да ги кажам на -Darko- резултатите :)
Тие беа така, малку, потресителни ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #25 на: 28 Октомври 2013, 15:04:32 pm »
Мислам дека луѓето треба сами да си кажат ако сакаат :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #26 на: 28 Октомври 2013, 15:10:26 pm »
Прихвачам :)

Отсутен Darko-HPG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 204
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #27 на: 28 Октомври 2013, 15:47:51 pm »
Не знам дали смеам да ги кажам на -Darko- резултатите :)
Тие беа така, малку, потресителни ;D

Odobreno kolega! :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #28 на: 28 Октомври 2013, 15:59:51 pm »
^ Те молам поправи ме ако погрешам,  :)
Nm не разбрав колку е измерено.

-Darko- Seat Cupra + Revo chip =280hp



Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CarClub on DYNO Rolling Day @ Avtotech Electronic Service
« Одговори #29 на: 28 Октомври 2013, 16:01:57 pm »
Дарко, им го проврте Диното. :)