@Bicikle, упорниот неук дечко што лупа глупости за имуниот систем во
овој пост ти е уште еден добар пример зошто ти велам да се едуцираш и сам да донесеш заклучок (ова е добар совет за повеќето работи во животот).
Еве јас велам дека филипв е неук и дека зборува за работи што не ги познава... ама од каде знаеш дека и јас не сум неук и дека и јас не зборувам глупости?
Само кога самиот ќе научиш, ќе знаеш. До тогаш станува збор за верба а не за знаење... А вербата нели, ќе им ја оставиме на религиозните. Ние како современи луѓе ќе се занимаваме со наука и со докази, не со религија и со верба
Ајде малку факти да наведеме, заради едукација. Можеби и јас сум грешка па некој ќе ми укаже со факти каде грешам па и јас ќе научам нешто ново.
Еве за имуниот систем ќе зборуваме, пошто сите работи овде се вртат окулу одговорот на имуниот систем на ГМО (всушност треба да ги нарекуваме
ГИО,
генетски
ИНЖИНИРАНИ
организми). Прво да ја исправиме грешката од претходниов пост на филипв, имено:
1. Имунитот систем го заштитува човекот од патогени агенси кои се „живи“, кои се множат: вируси, бактерии, паразити и такви работи. Ако не се множи - не го занима имуниот систем.
Колку е ова точно, немој да ми веруваш ни мене ни на дечково што го кажува ова и прочитај што пишува овде (или на илјадници други места):
http://www.nlm.nih.gov/medlineplus/ency/article/000821.htmТука е наведен следниов ФАКТ:
Nonliving substances such as toxins, chemicals, drugs, and foreign particles (such as a splinter) can also be antigens. The immune system recognizes and destroys substances that contain antigens.Значи ако баба (филипв од погоре) лаже, тефтер не лаже. Точно е дека на разни места може да прочиташ рзни работи ама НИКАДЕ нема да прочиташ дека неживи супстанци не можат да бидат причина за одговор на имуниот систем, па дури и до таа мера да влијаат како
антигени. Да не беше ова вистина, немаше да постојат алергиите (и разни други автоимуни болести).
Сето друго напишано погоре се исто така глупости напишани од неук позер. Можеме и ЌЕ ги дисецираме (и собориме) сите напишани работи во тој пост според потреба и со факти.
Но прво @Bicikle, да завршиме со овој сегмент за комбинацијата имун систем и ГМО (ГИО). Кажи ако има нешто нејасно... а јас подоцна како ќе имам време можеби ќе продолжам понатаму (со дисекцијата).