@Bicikle концентрирај се, не дозволувај да те збуни упорниот неук дечко кој упорно одбива да се едуцира.
Патем
квалификациите не се навреди, и ако некој е неук во некоја област, тоа не е навреда туку едноставно е констатација на реалноста... Истовремено е и покана и предизвик за едукација. Пошто никој не знае се (дури ни философите како филипв) и никој не е роден учен. Сите ние сме неуки во многу работи, филипв конкретно е неук за генетика, а по се изгледа и за ботаника и биологија (за имуниот систем нема ни да спомнувам).
Затоа @Bicikle остај го него нека раскажува приказни за тоа дека „шетањето на гените„ со латерален трансфер е честа секојдневна појава... (демек во природата секој ден се „вкрстуваат„ риби и патлиџани). Инцидентите можеби не се многу ретки на индивидуално ниво ама тоа што дечкото не го знае е дека за да таквата промена кај
единки се пренесе на следното потомство и се наметне на видот, појавата треба да биде
широко присутна и еволуциски компетативно успешна промена.
Не мора да објаснуваме дека ова во природата се случува исклучително РЕТКО. Но индустријата денес произведува на десетици илјади нови ГМО (ГИО) кои во толкав број НИКОГАШ не можат НАЕДНАШ да се појават во природата. Ако воопшто можат да се појават во тие облици, пример: патлиџан вкрстен со риба. Ова вообичаено значи дека за по природен пат да се деси хоризонтелен трансфер за гени, треба иста паразитска бактерија или ист вирус да го нападне и патлиџаните и рибите (и тоа успешно). Ете, нека наведе „паметниов„ дечко пример за еден ист вирус кој може да напаѓа и овоштија и животни....
Треба да се напомне дека познати се примери каде паразитска бактерија има некои исти гени со некои видови инсекти, но овие примери се исклучително ретки.
Препоставуваум @Bicikle дека не ме разбра целосно ама... Ајде одиме понатаму,
филипв сака да каже дека патлиџанот и компирот од небо паднале право на Јужниот и Северниот Американски континент... и дека немаат сродници во Европа:
2. Ништо во екосистемите во Европа не еволуирало во присуство на патлиџан или компир кога прв пат биле донесени со бродови од јужна америка, па ете преживеавме.
Ајде малку основна биологија (зошто некој очигледно забушавал во основно училиште).
Тргнувајќи од тоа дека
Дарвиновата Теорија е генерално точна (леле, се надевам дека нема и ова да го спори
), доаѓаме до тоа дека сите живи организми имаат свои претци и тие се класифицирани преку биолошката класификација (или таксономска хиерархија).
Еве како изгледа биолошката класификација, графички прикажано:
Да се надоврземе на тоа, еве ја биолошката класификација на патлиџанот:
Kingdom Plantae – Plants
Subkingdom Tracheobionta – Vascular plants
Superdivision Spermatophyta – Seed plants
Division Magnoliophyta – Flowering plants
Class Magnoliopsida – Dicotyledons
Subclass Asteridae
Order Solanales
Family Solanaceae – Potato family
Genus Solanum L. – nightshade
Species Solanum lycopersicum L. – garden tomato Значи видот патлиџан спаѓа во фамилијата на Solanaceae, која се простира на широк географски регион:
Дали знаеше дека патлиџанот и компирот се роднини?
А дека модриот патлиџан им е прв роднина? И дека модриот патлиџан не е „американец„?
Првите (познати и зачувани) записи за модриот патлиџан се од кинескиот документ
Qimin Yaoshu, од 544та година. Што не значи и дека одтогаш имало модар патлиџан во Азија (и Европа) туку со илјадници години нашите претци го м’скале и него и многу други сроднци од фамилијата Solanaceae. Ич да не зборувама наназад во таксонимијата, каде бројни сродни билки доаѓале во (гастрономски) допир со човештвото и неговите претци.
Затоа глупост е да се каже дека гените што се во патлиџанот и компирот, во Европа дошле преку шпанските трговци. Само ГМО (ГИО) се живи битија кои се без претци за кои нашиот имун систем нема „записи во базата„. Затоа и често на имуниот систем влијаат како антигени.
Крај. (да не кажам ШАХ и МАТ)