Најнови пораки

Страници: Претходна 1 2 [3] 4 5 ... 10 Следна
21
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака nestor04 на денес во 11:09:58 »
Не би рекол така, иско така звучи. Ако финансиите се во прашање (а подоцна се приврзиш со колата) тогаш не може сите да го имаме најновиот Ајфон или најновата кола.

Во неговиот случај дури и океј би рекол да нема дел зошто таква кола сум видел еднаш во живо и втор пат на форумов (во караван верзија, мада и хечбек сѐ поретко ги има), но за Опел Астра од 1998ма да нема дел е малку почудно, тоа возило го има секаде на улица и се вози, исто како и голф 4ка…
22
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака Simo - Carrier159 на денес во 11:04:07 »
Ама си носи и тоа свои негативности, нема љутиш, и јас не сакам да менувам телефон секои 3-4 години, ама ете не можам нокиа 8810 да користам колку и да сакам. Може само за украс да ми стои.
23
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака kimi makedonski на денес во 11:02:45 »
Не делиш ништо пошто ти секојдневно возиш друго возило и ова ти е за занимација. Како мене што не ми е гајле дали кадетот е во возна состојба или не. Ако нешто се расипе ќе најдам дел дали после 2-3 месеци или пола година сеедно.

Но на членов новите му се безлични и сака дејли драјвер од 20 век. Тука е проблемот.

Што се случи иначе со кадетот го гледам на сликите до шкодата.
24
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака t0m1cA на денес во 10:38:26 »
Ја делам твојата болка.

Ти бар ќе најдеш дел, макар и во странство, јас што да кажам со кабриолетите мои...
25
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака nestor04 на денес во 10:30:39 »
Имаш крстач и од SKF, но скоро е невозможно да го најдеш (би чинел 90€ само тој) бидејќи не се произведува.

https://www.skfvertevo.com/eur/en/product-catalogue/VKJA8948
26
Возила на Членови / Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Последна порака Filip MK на денес во 08:30:00 »
Старееме полека  :)
27
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака 386ka на денес во 07:53:20 »
Зошто би менувал "крстач", наместо цел зглоб? Ако веќе сакаш да ја направиш како што треба, купи цел зглоб и промени го. Сигурно и поголем избор на брендови ќе имаш. Ако немаш кој да ти џонесе од страна, провери ја понудата на autocentar.mk.

Инаку, не сум сигурен дека тој дел дури колоквијално се вика крстач, со оглед на тоа што крстач изгледа и функционира различно од трикракиот дел/лежај во хомокинетички зглоб.

28
Возила на Членови / Одг: 2023 BMW G87 M2
« Последна порака Bravo на денес во 07:16:01 »
Абе сѐ супер, ама да ме прашаше и мене некој за деца...  ;D

Прај 2 или 3 едно по друго. Толку ќе биде зафатена, што ќе те остави на раат неколку години и нема да и е гајле што правиш и кај си. Раат.
29
Техничко Одржување / Одг: Зимски гуми
« Последна порака nestor04 на денес во 06:53:56 »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Штета што не се наоѓа челик во оваа димензија. ;D

Некој да даде предлог за зимски гуми 225/50/17? Continental и Michelin ги отпишав, не се реални со цените. Мислења за Hankook Winter Icept RS3 и Nokian Snowproof 2?
Во таа димензија купив гуми за едната астра. Рикен целосезонски - околу 5000 ден парче, катастрофа цена, гумите добри се…

Dunlop ги имам на Лексусот во 16ка димензија и ме изненади како држи (2018 дот, но 8мм шара возени само 2к км). Hankook ги имам на Астрата и презадоволен сум од тоа како држи на снег (имам постирано во темава на првиот снег (таа зима) кој падна на Нижеполе пред 2 години), но се ептен бучни. Најчесто колата ја возам за Лерин и не се седи в кола буквално, ден и ноќ е разлика од Laufenn летни или Petlas зимски (стари) до нив…
30
Возила на Членови / Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Последна порака nestor04 на денес во 06:52:26 »
@Shuriken имаВ разработена шема за набавка на делови до Лерин (на 1 саат возење ми е и јадам гиро и одам за викенд).
Страници: Претходна 1 2 [3] 4 5 ... 10 Следна