Види, нашиот пазар е посебна приказна, нашиот пазар е „кикирики“ во однос на било кој друг пазар. Но и да е друг пазар, за возила над 30 години старост, а за поретки возила дури и 15 години откако се излезени од прозиводство веќе е ризик, не очекувајте дека ќе најдете дури ни основни делови. Конкрентно, ќе ви кажам за 166 која е излезена од производство во 2007 година, веќе после 20 години не можеш да најдеш заден штоп ни оригинал ни афтермаркет на ново да се купи. Ни Марели, ни ОЕ Алфа ни Депо ни ништо. Јас не можев да најдам едни обични манжетни за зглоб, па морав да комбинирам од разни други возила кои имаат слични димензии на зглобови, ама тоа е, не удрив критика на нашите дилери за делови.
За 159-ката пошто е со ретка машина (пред 3-4 годни на една рака се броеја TBi моторите), морав у најава да нарачувам делови за голем сервис, и тоа у овластен. Да ги набават, па да направам сервис. Така да, нашиот пазар е тоа, и затоа луѓето се одлучуваат за вагени и сл. возила. пошто за нив знае дека ќе најде дел у секое време.