Одлична тема.
Вака - Opel Astra Classic II (aka Astra G) со 1.4 Ecotec Twinport мотор со 90 КС. Сервисната книшка вели:
Масло - до 30.000 километри, во зависност од условите и начинот на возењето, или еднаш годишно. Се согласувам.
Филтер за масло - заедно со маслото, види погоре. Се согласувам.
Филтер за воздух - на 4 години или 120.000 км. Во никој случај - минимуН еднаш годишно.
Филтер за полен - на 2 години или 60.000 км. Исто, не ми е по ќеф. Еднаш годишно.
Филтер за гориво - на 4 години или 120.000 км. Го оставив еднаш 5 години поради тоа што мислев дека не се менува, повеќе не. Еднаш годишно.
Свеќички - на 4 години или 120.000 км. Може да помине, пошто еднаш ги менував. Се согласувам.
Антифриз - не е споменат во сервисната книшка, стои "визуелна проверка и дотурање по потреба". Јас ќе го менувам еднаш на 5 години, пошто е црвен. Зелен, жолт или син - на две години.
Глицерин - ПОДНАЈИТНО, на секои ДВЕ ГОДИНИ, од сега па натаму. После тоа што го извадив од системот - петгодишен глицерин.. Никогаш повеќе не би си дозволил. По сервисна книшка - на две години или 60.000 км.
Батеријата на далечинското од централното - на две години или 60.000 км. Прв пат ја сменив после пет години. Резултатот е фантастичен, и за 70 денари, би ја менувал секоја година.
Клинест ремен - спомнат е, ама само со "визуелна проверка". Односно, додека не се скине.
Течност во серво, масло во менувач и фреон во климата - сервисната вика само "визуелна проверка", или да се дотури по потреба.
Се останато - плочки, дискови, гуртни, запчест ремен, подизачи, курац-палац - после 10 години или 150.000 км.
За добошите вика само да се вадат и чистат на 4 години или 120.000 км.
Преоптимистички се некои сегменти од сервисните интервали за наши услови, дефинитивно. А и плус, нема шанса предвремена промена на било која компонента да штети на колата.
Ебеш овластен. Само во своја режија.