Автор Тема: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii  (Прочитано 874 пати)

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« на: 06 Јуни 2024, 13:31:26 pm »
Imam golf 6, 1.6 dizel

Pri trgnuvanje vo prva brzina, kolata ima nekoe tresenje se osekja nekade od prednicata kaj motorot.

Ako mu dadam povise gas, odnosno da krenam vo prva brzina so povise obratai, nema tresenje.

Dali ima nekoj slicno iskustvo?
 

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #1 на: 06 Јуни 2024, 13:43:21 pm »
По ова што пишуваш мене ме асоцира на:

- некој држач на мотор;
- кумплунг сет (ламела, друк лагер, замаец).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #2 на: 06 Јуни 2024, 14:21:00 pm »
По ова што пишуваш мене ме асоцира на:

- некој држач на мотор;
- кумплунг сет (ламела, друк лагер, замаец).

Јас прво ова би проверил, и по потреба сменил.

Делува „прошлајфано“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #3 на: 06 Јуни 2024, 14:49:34 pm »
Кај мене исто правеше на бензинец кола кога ја купив, скокаше цела на тргнување како почетник да ја вози, мораше да тргнам со прошлајфување на ламела. Кога го сменив моторот сменив и сет ламела, па се среди.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #4 на: 06 Јуни 2024, 15:22:35 pm »
По ова што пишуваш мене ме асоцира на:

- некој држач на мотор;
- кумплунг сет (ламела, друк лагер, замаец).

Јас прво ова би проверил, и по потреба сменил.

Делува „прошлајфано“.

Kumplugot si fakja normalno dole nisko i nema proslafuvanje vo nikoja brzina. Dobro si krenuva si vlece kolata i na uspuni so klima se ok, samo koga na pocetoko poleka go pustam kumplugot ima tresenje a si krene kolata.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #5 на: 06 Јуни 2024, 15:23:54 pm »
Кај мене исто правеше на бензинец кола кога ја купив, скокаше цела на тргнување како почетник да ја вози, мораше да тргнам со прошлајфување на ламела. Кога го сменив моторот сменив и сет ламела, па се среди.

Da isto, kako pocetnik da ja voze kako tresenje se javuva. Inace kaj mene e dizel. Dali moze da mi kazes od prilika kolku te kostalo se vkupno?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #6 на: 06 Јуни 2024, 15:27:22 pm »
На дизел возило комплет е околу 500 евра. Кај мене беше лош друк лагер и во ниедна брзина не прошлајфуваше, како што ми велеа - стави ја во 5та на 2000 вртежи и стисни до крај туража, ако крева вртежи а колата стои во место тогаш е ламелата, но кај мене тоа не беше случај, туку само на тргнување.

Отсутен Vixa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #7 на: 06 Јуни 2024, 15:29:29 pm »
Дали тресењето е полошо кога ќе се загрее колата, пример после возење низ град тргни застани? Јас имам слична ситуација ако не и иста, кога е ладна колата скоро да нема тресење ама кога ќе се загрее убаво веројатно ламелата почнува да тресе на тргнување или угорница како да ќе излезе моторот од хауба. Има поминато 200к скоро и се мислам да не е замаец затоа што ламела сменив на 100к ама се е можно.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #8 на: 06 Јуни 2024, 15:46:18 pm »
На дизел возило комплет е околу 500 евра. Кај мене беше лош друк лагер и во ниедна брзина не прошлајфуваше, како што ми велеа - стави ја во 5та на 2000 вртежи и стисни до крај туража, ако крева вртежи а колата стои во место тогаш е ламелата, но кај мене тоа не беше случај, туку само на тргнување.

Fala ti! Inace nemam primeteno da proshlajfuva, vo nikoja brzina, ni vo mala ni vo golema. Tresenjeto se javuva samo koga e vo prva brzina pri krenuvanje, nemozam da primetam dali povise trese vo ladna ili zagreana tepmeratura.

Mislam deka povise trese koga kolata e ladna, pa potoa nekoe vreme ja vozam nema tolku tresenje.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #9 на: 06 Јуни 2024, 15:47:29 pm »
Дали тресењето е полошо кога ќе се загрее колата, пример после возење низ град тргни застани? Јас имам слична ситуација ако не и иста, кога е ладна колата скоро да нема тресење ама кога ќе се загрее убаво веројатно ламелата почнува да тресе на тргнување или угорница како да ќе излезе моторот од хауба. Има поминато 200к скоро и се мислам да не е замаец затоа што ламела сменив на 100к ама се е можно.

Obicno koga e ladna kolata pri krenuvanje vo grad kreni zastani se osekja pogolema vibracija/tresenje. Koga kaci temperatura i koga ja vozam podolgo od 1H prime, se javuva tresenjeto ali ne do tolku.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #10 на: 06 Јуни 2024, 15:52:22 pm »
Покрај се горенавведено, јас би проверил и дизни. Знае тој мотор да "крека" ако има неисправна дизна и да вибрира при тргнување без или со малку гас.
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #11 на: 07 Јуни 2024, 09:38:26 am »
Ќе ти каже некој крстен мајстор во што е проблемот, вака од далеку јас би се обложил дека е друк лагер.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: VW Golf 6 Tresenje / Vibracii
« Одговори #12 на: 07 Јуни 2024, 10:26:22 am »
Покрај се горенавведено, јас би проверил и дизни. Знае тој мотор да "крека" ако има неисправна дизна и да вибрира при тргнување без или со малку гас.
Исто, кај мене се нови сет замаец и ламела, ама па кај мене има вибрации на мала гас, најприметно е кога возам на автопат на пример во 6та до 120/30 и вибрира, највеќе ако забрзувам тогаш се најосетни, ги има до 140/50 и после се губат, во понеделник сме на преглед, додуша уште зимоска кога менував внатрешен и надворешен зглоб мајсториве рекоа дека 95% се дизните, ама треба да ни ја оставиш да видиме параметри и на ладна машина


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)