Читајќи по интернетов ми текна дека на форумов немаме ваква тема, која е доста интересна за мене. Особено е интересна од страна што нашите сервиси на големи ги скратуваат интервалите за речиси секој сервис и секоја ставка иако за некој немаат никакво оправдување во поглед на нечисто гориво, температури....
Лично кај мене за возило Ауди А4 B8 2.0 ТДИ, разликата помеѓу сервисните интервали и промената на деловите кој ги препорачува фабриката, а кој сервисот е следна:
Фабрика / Порше Македонија
Промена на уље и филтер за уље 15.000км / 10.000км
Замена на филтер за воздух 90.000км / 10.000км (ова смешно е веќе
)
Замена на филтер за гориво 60.000км / 60.000км (овој филтер по моја иницијатива го менувам на 20ккм)
Замена на филтер за прав и полен 30.000км / 10.000км
Замена на течност на сопирачки 36 мес. / Сеуште немаат сменето, колата наполни 4год, следниот сервис сигурно ќе побарам ова
Замена на запчест ремен 180.000км/ 90-100.000км.
Исто да напоменам дека и во сервисната книга се свесни дека се работи за Македонија така да напоменуваат дека тука не важи LongLife(иако ставаат LL уље) интервалот за сервис, и веројатно сите препораки за смена и проверка на делови се направени во согласност со условите во нашата земја.
Значи, како што може да се види од погоре споредбените ставки, сервисот Порше Македонија скратува на скоро секоја ставка. На пример филтерот за воздух на моторот не гледам зошто би се менувал на 9 пати помала километража од пропишната. Се согласувам дека 90ккм се премногу за кај нас, но мислам дека и 30ккм се сосема солидна километража која без проблем би ја издржал, конркретно и кај мене каде што колата се вози 75% на отоворено сигурен сум дека на 10ккм филтерот е прилично чист. А од друга страна за филтерот за гориво препорачуваат како што навела фабриката, а истиот вреди скоро исто колку филтерот за воздух т.е. доста е ефтин.
Друга голема разлика приметувам во препорачаниот голем сервис, т.е. замена на запчест ремен. Тука се препорачува замена на сетот запчест ремен на 180ккм, а никаде не се спомнува водена пумпа, заради тоа што веројатно истата е предвидено да трае колку и возилото, но во Порше Македонија препорачуваат големиот сервис да се прави на 90 до најкасно 100ккм и при тоа да се смени сет запчест ремен, сет клинест ремен и водна пумпа. Искрено не е нешто многу скап и тој сервис во однос на класата на колата и јас ќе го правам на 100ккм, но сеуште не ми е јасно зошто во сервисниот план пишуваат едно, а во сервис кажуваат друго.
На оваа тема имам разговарано во Порше и одговорот им е дека го скратуваат интервалот заради гориво, климата, патишта и уште 100 глупости кој немаат врска и ги зборвуаат како програмирани. Јас до сега на сите сервиси ги менувам сите препорачани работи од Порше од причина што не се воопшто скапи а не верувам дека и штети на колата порано да смениш филтри и сл
но исклучително ме нервира оваа нивна пракса и политика зошто е еден вид на лажење во сервисниот план.
Исто да напоменам дека добар другар кој има добри пријатели во Порше и поседува Пасат 2.0 ТДИ B7 и Поло 1.4 доби препорака од пријателот сервисите да ги прави на 15.000км и се освен филтерот за гориво да си менува според сервисниот план. Исто така и гаранцијата важи се додека се придржуваш до сервисниот план.
Каква е ситуацијата со вашето возило, што препорачува фабриката, што препрачува сервисот и се разбира што слушате вие од сето тоа ?