Интересна тема, касно ја гледам.
Нешто за моето возило - Опел Астра Г 1.4 90кс 1998
Пропишани сервисни интервали/моја иницијатива:
- Масло и филтер - 15.000км еднаш годишно во нормални услови или 7500км 6 месеци во отежнати услови / најчесто на 7500км или предвремено на 5000км
- Поленов филтер - 15.000км или еднаш годишно / заедно со маслото (види погоре)
- Филтер за воздух - 4 години или 60.000км / заедно со маслото (види погоре)
- Филтер за гориво - 4 години или 60.000км / заедно со маслото (види погоре), не е ни скап 150 ден од Ridex
- Свеќици - 4 години или 60.000км / 15-20.000км поради плинот
- Ребраст каиш - по Хајнес 4 години или 60.000км, а по опелов предлог (првично) 8 години или 120.000км / би рекол 4 години или 40.000км (овојпат на 15-20к менувам)
- Глицерин - 2 години / 3 години
- Антифриз - 2 години / 4-5 години (бидејќи е Г12 ЛЛ, не е Г11)