Оф лелее што све не изначитав у една форумска страна (facepalm)
Ниту потрошувачката има врска со ефикасноста, ниту макс.торк. е поврзан со ефикасноста, ниту макс.торк. е поврзан со потрошувачкта... Ништо од ова со ништо не е поврзано. Понекогаш некој пар од овие величини горе-долу се поклопуваат (напр. кај некои мотори макст торк отприлика се поклопува со макс. еф), но не затоа што има причинско-последична врска, туку - онака - се поклопиле.
Ако моторот работи во вртежи при кој кога би била папучата стисната до крај би бил макс. торк, тоа не значи дека торкот е навистина максималниот.
На пример, крузинг на автопат со дизел на 1800 рпм:
Дали торкот е максималниот? Никако, папучата за гас е само нежно погалена, колку да одржава брзина. Потрошувачката (л/100км) е сепак најмала.
Крузинг ка автопат со атм. бензинец на 1800 рпм:
Дали торкот е максималниот? Никако, папучата за гас е само нежно погалена, колку да одржава брзина. А дури и да ја стиснам, пак нема да биде макс торк. Потрошувачката (л/100км) е сепак најмала (или многу блиску до тоа).
Ефикасноста... Симо, на каква ефикасност мислиш кога ќе кажеш „макс торк = макс ефикасност“? Мора да појасниш.