Самото име на темата е згрешено, торк и снага е едно исто, снагата е продукт на торкот. Работата е што дизелите испуштаат душа на 5000, па затоа имаме препотентен мотор до 4000, но веќе до 5000 се губи половина од снагата. Тоа е добитна комбинација кај дизелот, затоа што се зема потенцијата на дупло помоќен мотор, но се сечи горната третина, каде се добиваат големи бројки на кс. Производот е мотор со мали бројки на кс, но препотентен во сите режими.
Бензинците немаат снага на ниски и средни вртежи, немаат нигде, тие мора да користат голема редукција и голем број на вртежи. Вчера возев Swift 1.2 со 95кс. При 90кмх во 5та нацапав до крај. После 30 секунди забрзав до 110кмх. Кај се 95те коњи, возилото има само 900кг, треба да лета. Моторот е мртов. Секога чест за менувачот во Swift, еден од најдобрите што сум ги пробал. Но како што посочуваа и бројките на хартија Swift има 60кс, не 95. Промена во 4та ги подобри резултатите двојно, но пак перформансите беа о ч а ј н и. Дизел со 65 кс е 2-3 пати помоќен од ова. Дизел со 95 кс, делува како ракета.
Многу битна е и реакцијата на гаста, која кај косилиците е непостоечка, ако чекам 3 секунди за да ме залепи на седиште тој мотор ќе биде помачен за динамично возење. Мојот мотор има 0.1-1 секунди лаг, зависно од режимот на возење, тоа значително го олеснува возењето и дава чувство на +30кс кај неиускусен ум.