Автор Тема: HP vs Torque  (Прочитано 91590 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #420 на: 26 Декември 2016, 21:56:20 pm »
Каква катастрофа е примерчето што си го пратил. Повози го првин. 180нм на 150кс. Ова не се вози подобро од дизел со 100кс, реално, не на драг трка.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #421 на: 26 Декември 2016, 22:01:27 pm »
Џабе чоек ти кажува дека промашуваш поента. И промашуваш тема. Пресели се на планетата „дизел вс бензин“, па теоретизиај таму што и како се вози.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #422 на: 27 Декември 2016, 09:14:05 am »
Ако треба да бирам помеѓу повеќе торк или поголема снага, јас го бирам второто. Она првото лесно се средува со соодветен менувач. Ама ако ти фале снага, џабе миљарда торк. Секако, најдобро е да ги имаш и двете - стално (електромотор) :)

На времето, пред да го купам кокошарникот, читав миљон ривјуа... И речиси сите се согласуваа во едно: дека дизелот од 105 коња во реалната секојдневна експлоатација тегне боље од бензинецот со 118 коња.

Зошто е тоа така? Некој пан-планетарен заговор, или моооожеби има тука нешто?

Внимавај, ова не е б вс д прашање. Ова е „повеќе торк или поголема снага“ прашање.

Ова што го велиш ти важи ако бираш мотор за пумпа (нема мењач) или ако имаш цвт или така нешто. Но, кога имаш менувач со фиксни степени на пренос, не е така едноставно „само снага е битна, за момент имам мењач“ како што ти оверсимплифицираш.

Значи, работно претпостави дека ова што ти го кажав за ривјуата е вистина и пробај да дадеш свој коментар: зошто така пишуваат?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #423 на: 27 Декември 2016, 09:41:07 am »
Прашај си го мењачот.
Твоето QQ во трета брзина постигнува 100км/ч максимум. (https://www.youtube.com/watch?v=btk_Kc5dDO4)
Бензинецот 1.6  во втора брзина постигнува 100км/ч максимум. (https://www.youtube.com/watch?v=tIfAvSbm9j8)

Дали твоето QQ vo 3-трета брзина има подобро забрзување ("тегне“ подобро) од 1.6i во втора брзина? Тоа е вистинското прашање.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #424 на: 27 Декември 2016, 09:42:14 am »
Самото име на темата е згрешено, торк и снага е едно исто, снагата е продукт на торкот. Работата е што дизелите испуштаат душа на 5000, па затоа имаме препотентен мотор до 4000, но веќе до 5000 се губи половина од снагата. Тоа е добитна комбинација кај дизелот, затоа што се зема потенцијата на дупло помоќен мотор, но се сечи горната третина, каде се добиваат големи бројки на кс. Производот е мотор со мали бројки на кс, но препотентен во сите режими.

Бензинците немаат снага на ниски и средни вртежи, немаат нигде, тие мора да користат голема редукција и голем број на вртежи. Вчера возев Swift 1.2 со 95кс. При 90кмх во 5та нацапав до крај. После 30 секунди забрзав до 110кмх. Кај се 95те коњи, возилото има само 900кг, треба  да лета. Моторот е мртов. Секога чест за менувачот во Swift, еден од најдобрите што сум ги пробал. Но како што посочуваа и бројките на хартија Swift има 60кс, не 95.  Промена во 4та ги подобри резултатите двојно, но пак перформансите беа о ч а ј н и. Дизел со 65 кс е 2-3 пати помоќен од ова. Дизел со 95 кс, делува како ракета.

Многу битна е и реакцијата на гаста, која кај косилиците е непостоечка, ако чекам 3 секунди за да ме залепи на седиште тој мотор ќе биде помачен за динамично возење. Мојот мотор има 0.1-1 секунди лаг, зависно од режимот на возење, тоа значително го олеснува возењето и дава чувство на +30кс кај неиускусен ум.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: HP vs Torque
« Одговори #425 на: 27 Декември 2016, 09:44:42 am »
Реалноста е дека за денешниве аута кои тежат и до 80% повеќе во споредба со аутата пред 30 години, торкот е потребна работа. ЛП опет споредуе баби и жаби, пробува темава да ја направи хибрид со бензин вс дизел, а на чоек кој си го сака само своето дете, нема поента муабетов. ЛП, повози модерен бензин турбо (кој има и 250Nm од 1.4 "косилица", а тоа е повеќе од 1.9tdi) и продај тоа тракторот МТ, како и да се викаше...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #426 на: 27 Декември 2016, 09:49:22 am »
Ако има 250НМ турбо бензинецот има околу 150кс, секако дека е посилен од TDI 105. TDI 105 отприлика исто се вози како TSI 125.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #427 на: 27 Декември 2016, 10:17:43 am »
Самото име на темата е згрешено, торк и снага е едно исто, снагата е продукт на торкот.

Не е исто. Торк е сила, а снага е моќност.

Две потполно различни физички веичини.

Снагата е продукт на торкот и вртежите. И едното и другото подеднакво ја одредуваат снагата.

Прашај си го мењачот.
Твоето QQ во трета брзина постигнува 100км/ч максимум. (https://www.youtube.com/watch?v=btk_Kc5dDO4)
Бензинецот 1.6  во втора брзина постигнува 100км/ч максимум. (https://www.youtube.com/watch?v=tIfAvSbm9j8)

Дали твоето QQ vo 3-трета брзина има подобро забрзување ("тегне“ подобро) од 1.6i во втора брзина? Тоа е вистинското прашање.

Но, ова не е одговор на моето прашање.

Со самото тоа што просто ќе го избегнеш одговорот, тоа нема магично да додаде вистинитост на претходно изнесените ставови, знаеш, така?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #428 на: 27 Декември 2016, 10:20:41 am »
Филуваш и пак на крајот моето го кажуваш. Не сум против темата, но Симо кажува описно како некои разговори биле промашена тема....а темата нема смисла, технички гледано.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #429 на: 27 Декември 2016, 10:26:58 am »
Филуваш и пак на крајот моето го кажуваш. Не сум против темата, но Симо кажува описно како некои разговори биле промашена тема....а темата нема смисла, технички гледано.

Не знам што е „филување“, но твојата реченица „торк и снага е едно те исто“ е просто неточна и ништо не можеме да сториме по тој повод. Не го сфаќај лично, и господ лично да кажеше „торк и снага е едно те исто“ ќе беше погрешно и мојата реакција ќе беше иста.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #430 на: 27 Декември 2016, 10:30:05 am »
A што убаво ја цитира мојата дефиниција....

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #431 на: 27 Декември 2016, 10:30:44 am »

Но, ова не е одговор на моето прашање.

Со самото тоа што просто ќе го избегнеш одговорот, тоа нема магично да додаде вистинитост на претходно изнесените ставови, знаеш, така?

Воопшто не го одбегнувам одговорот. Само поставувам сомнеж на тврдењето дека овој „тегнел подобро“. И убаво ти објаснив (сликовито, со видеа) зошто е тоа така.
Очекувано е тој мотор ти што го возиш да „тегне подобро“ во трета отколку бензинецот во трета. Ама тој ќе тегне подобро до 100, додека бензинецот ќе тегне до 140. Ако ги ставиме двата мотори во режим кога при максималните вртежи постигнуваат иста брзина (дизелот во 3-та, бензинецот во 2-ра), тогаш може да мериме кој колку тегне. Истава дискусија ја правевме и во д вс б, кога објаснував(ме), дека дизел со 200нм на 2000рпм е исто што и бензинец со 150нм на 3000рпм, доколку и едниот и другиот,  во зададена брзина на менувачот постигнуваат иста брзина на пат.

Овдека го имаме баш тој случај. Бенз. во втора и 6000рпм постигнува иста брзина како и диз. во трета брзина при 4000рпм. Дизелот да речеме има 200нм при 2000рпм, бензинецот има 160-тина при 3500рпм. Кој „појако тегне“?

Секако дека во прва и втора брзина дизелот ќе „тегне појако“, ама нема да оди побрзо од бензинецот во прва и втора брзина.

Мора некаде да ставиш знак на равенство за да може да ги споредуваш „тегнењата“. Јас знакот на равенство го ставам  кај еднаква брзина при максимален број вртежи (бензинец втора, дизелот трета брзина). Единствено тогаш се гледа кој мотор тегне појако. Кога ќе можат да завршат иста работа. Во секоја друга ситуација мерењето преминува во баби и жаби, во стилот на лошко.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #432 на: 27 Декември 2016, 10:35:58 am »
Доста со тие дезинформации Симо. Бензинецот во втора не оди колку дизелот во трета. Аман више. Мојот дизел оди 95 во втора, 135 во трета, ај да ги спооредиме со бензинец од 100кс во иста брзина, прашини ќе голта бензинецот, иако редукцијата на бензинецот е далеку поголема секогаш за да може да заврши некаква работа тоа моторче анемично.

Друго нешто е што ширите дезинформации, демек ако бензинецот оди 120км во втора, тоа е бог и батина. Интересно е кога имаш 16 години. Таквиот концепт е мртов и летаргичен мотор, напуштен пред 20 години.  BMW135i користи ултра кратки брзини, втора оди 80, трета 120кмх, а има 350кс.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #433 на: 27 Декември 2016, 10:37:23 am »
Мора некаде да ставиш знак на равенство за да може да ги споредуваш „тегнењата“. Јас знакот на равенство го ставам  кај еднаква брзина при максимален број вртежи

Да, но тогаш просто ја игнорираш иницијалната премиса „реално секојдневно возење“, што автоматски твојот одговор го прави одговор на некое друго прашање, а не на она кое е поставено.

За дискусијата да има смисла, просто мора да одговориш на точно она што соговорникот те прашува, а не „малку“ да го смениш прашањето и после на така сменетото прашање да се распишеш цел ферман. Не бива така. Така ако правиш никогаш ниту еден соговорник никогаш нема да има шанса да поентира, а ти ќе си останеш удобно ушушкан во илузијата дека си на дадената тема секогаш во право. Тоа не чини ни за твојот соговорник, ни за тебе. Немој.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #434 на: 27 Декември 2016, 10:41:42 am »
Доста со тие дезинформации Симо. Бензинецот во втора не оди колку дизелот во трета. Аман више. Мојот дизел оди 95 во втора, 135 во трета, ај да ги спооредиме со бензинец од 100кс во иста брзина, прашини ќе голта бензинецот, иако редукцијата на бензинецот е далеку поголема секогаш за да може да заврши некаква работа тоа моторче анемично.

Друго нешто е што ширите дезинформации, демек ако бензинецот оди 120км во втора, тоа е бог и батина. Интересно е кога имаш 16 години. Таквиот концепт е мртов и летаргичен мотор, напуштен пред 20 години.  BMW135i користи ултра кратки брзини, втора оди 80, трета 120кмх, а има 350кс.
Аман више ти, ги боли уво луѓево за твојот дизел. Погледни ги видеата горе што ги пуштив од двете возила за кои филип праи споредба. Не само траскај без потреба. Читај малце низ дискусијата.

Мора некаде да ставиш знак на равенство за да може да ги споредуваш „тегнењата“. Јас знакот на равенство го ставам  кај еднаква брзина при максимален број вртежи

Да, но тогаш просто ја игнорираш иницијалната премиса „реално секојдневно возење“, што автоматски твојот одговор го прави одговор на некое друго прашање, а не на она кое е поставено.

Аха. Значи ќе си тераме баби и жаби. Ок. Тогаш дизелот (со помал гиринг) поубаво тегне во трета.
„Реално секојдневно возење“ не значи искористување на можностите на моторот. Тоа значи движење од точка а до точка б, онака како што јас, или ти, или лошко си го замислува. Може јас од дома до работа си замислувам тркачка патека, а ти може си замислуваш влечкање позади авто-школа. И едното и другото е реално...Само не е мерливо.