Автор Тема: HP vs Torque  (Прочитано 83802 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: HP vs Torque
« Одговори #30 на: 17 Јануари 2014, 00:01:05 am »
Психичка сила се добива тогаш. :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #31 на: 17 Јануари 2014, 00:01:30 am »
Психичка сила се добива тогаш. :D
Одлично срочено.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #32 на: 17 Јануари 2014, 00:02:08 am »
Кога имаш исто сила при приближно исто вртежи, како во твојот пример погоре, секако дека возилото со поголем торк е во предност. Најчесто, тоа е возилото со поголем дисплејсмент - кај Н/А мотори.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #33 на: 17 Јануари 2014, 00:17:38 am »
Дозволете да ви нацртам.

http://rototest-research.eu/popup/performancegraphs.php?ChartsID=403
http://rototest-research.eu/popup/performancegraphs.php?ChartsID=737

Доколку ги погледнеме погорните графици ќе забележиме два мотори со подеднаква максимална моќност. Таа изнесува 111кс. Едното возило има 165Nm, а другото 145Nm. И двата вртат од 1000-6500рпм. Моторите немаат турбо полнач или било какво надполнење, и двата се атмосферски мотори. Да видиме кои се разликите при развивање на силата:

Мотор        1       2
1500rpm -  20kw  18kw
2000rpm -  32kw  28kw
3000rpm -  50kw  42kw
4000rpm -  70kw  60kw
5000rpm -  80kw  75kw
6000rpm -  74kw  80kw

Moжеме да забележиме дека првиот мотор има повеќе сила во рангот на вртежи под 5000рпм каде најчесто се наоѓа стрелката на обртомерот. При 6000 вртежи повеќе сила има вториот мотор. Што значи тоа при тркање? Тоа значи дека и двете ќе бидат држени во оптималниот режим на работа во високите вртежи и ќе бидат подеднакви, заради еднаквата испорачана моќност. Но, при употреба на вртежи под 5000rpm постојана предност има моторот број 1 во поглед на сила.

Кој мотор ќе е подобар за трка? Веројатно ќе се еднакви.
Кој мотор е подобар во секојдневниот живот? Ова може да се утврди од приложените бројки.

Убава споредба. Да беа сите вакви споредби немаше да има толку расправии. Е сега прашањето е, што е тоа што ја прави споредбава толку убава и лесно разбирлива?

Моторите се со ист максимален број на вртежи.


Исто како што кога споредуваме дропки, прво треба да ги сведеме на исти именители, така и кај моторите. Ако споредуваме два мотори од кој едиот врти до 8000, другиот до 4500, не може за вториот да си заклучиме дека е појак во нискиот опсег само затоа што имал 30% повеќе максимален торк.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #34 на: 17 Јануари 2014, 00:24:03 am »
Моторите се со различна распределба на моќноста во рангот на вртежи во кои се користат најчесто. Примерот намерно е избран.

Отсутен turbo_freak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: HP vs Torque
« Одговори #35 на: 17 Јануари 2014, 00:26:21 am »


se slozuvam so tebe ama na sekoj ne mozes da mu dokazes :)
"Nemam idole. Cenim rad, posvećenost i sposobnost." (Ajrton Sena)

Отсутен turbo_freak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: HP vs Torque
« Одговори #36 на: 17 Јануари 2014, 00:31:46 am »
eve primer da gi zemem hondite tie konjskite sili gi postignuvaat okolu 7500rpm nekoi i nad toa nemaat golem obraten moment nekoj koli so taa konjaza imaa mn pogolem obraten moment a ne idat tolku brzo :)
« Последно менување: 17 Јануари 2014, 00:44:59 am turbo_freak »
"Nemam idole. Cenim rad, posvećenost i sposobnost." (Ajrton Sena)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: HP vs Torque
« Одговори #37 на: 17 Јануари 2014, 00:35:38 am »
Битен е и менувачот, не е само торк и мокност. Исто така и погонот на кој тркала е, дали преден или заден.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #38 на: 17 Јануари 2014, 00:37:18 am »
Моторите се со различна распределба на моќноста во рангот на вртежи во кои се користат најчесто. Примерот намерно е избран.

Супер е примерот. Се согласувам со твојот закучок. Функционира споредбата затоа што ист е опсегот.

Кога споредуваш 456/12 со 345/9, треба прво да ги донесеш на исти именители. Вака од око не се гледа кој е поголем. Исто е и кога се споредуват два мотори со различен карактер, само што таму е многу покомплексно, зашто треба да се споредуваат барем неколку точки од кривата.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #39 на: 17 Јануари 2014, 10:51:03 am »
Aбе Toyota Coroola VVVVVVVTi 192hp vs MK4 Diesel 1.9 TDI 116hp. Дизелашот има 1.65пати подолга 4та брзина, 1.65пати помала снага, и подобри меѓузабрзувања во 4та брзина. Подобри мегузабрзувања во сите брзини. Toyota откорнува на 8000рпм со ултра кратки брзини, 1.65 пати поголема снага и 3.5x потрошувачка. За чудо, некој тоа го нарекува спортско.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #40 на: 17 Јануари 2014, 10:54:01 am »
Лошко, три пати на ден пред јадење, по две дози:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #41 на: 17 Јануари 2014, 11:05:08 am »
Зар го гледаш детево : ))

Абе џабе зборуваш, само тинејџерите сакаат високи вртежи и голема бука. Кога тогаш и ти ќе си го смениш мислењето и ќе сакаш кола која ќе лепи на седиште кога ќе ја притиснеш гаста во било која брзина. Онаа кутрата тојота со 192 кс не може да прошлајфува во 2ра брзина, додека дизелот со 115 тоа го прави без никаков проблем.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: HP vs Torque
« Одговори #42 на: 17 Јануари 2014, 11:06:21 am »
Аман.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #43 на: 17 Јануари 2014, 11:08:22 am »
Нека уклучи TCS  да не му шлајфаат гумите. Џабе потрошена енергија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #44 на: 17 Јануари 2014, 11:36:31 am »
@Vasil
Многу полека ќе правиме споредби, за да се избегне нервозата.

Aко ги земеме следните возила


http://rototest-research.eu/popup/performancegraphs.php?ChartsID=607
http://rototest-research.eu/popup/performancegraphs.php?ChartsID=576

Може да заклучиме дека се работи за слични мотори.

мотор       1         2
2000rpm  75kw    60kw
3000rpm  130kw  90kw
4000rpm  190kw  135kw
5000rpm  228kw  180kw
6000rpm  230kw  200kw
7000rpm  220kw  224kw
8000rpm  ---kw   220kw

Овие мотори се разликуваат по тоа што едниот има повеќе торк на ниски вртежи од другиот. Возилата имаат еднаква максимална сила. Но овој пат едниот мотор врти 1000 вртежи над другиот.
Кој ќе биде побрз при тркање? Веројатно ќе се тука некаде согласно максималната моќност.
Вистинското прашање е следно: Кој ќе биде побрз и подобар во секојдневниот живот?

Можеме да му дадеме шанса на вртачот со соодветен пренос, за да го усогласиме. Но, тогаш го изоставаме оној квалитет на моторот кој е потребен за поголемиот број на луѓе кои не вртат до последната бројка. Но сепак, за атер на науката. Да излеземе во пресрет ќе множиме за да добиеме еквиваленти со 8/7 за да добиеме точна вредност за споредба.

Значи дека кога број 1 е на 2000 вртежи, вториот треба да е на 2000*8/7 за да се споредливи. Тоа би биле: 2285rpm.
Епа да продолжиме:
мотор1       1         2       мотор2
2000rpm  75kw    70kw     2280rpm
3000rpm  130kw  110kw    3420rpm
4000rpm  190kw  160kw    4570rpm
5000rpm  228kw  190kw    5700rpm
6000rpm  230kw  220kw    6857rpm
7000rpm  220kw  225kw    8000rpm

Дали сега се сведени на ист именител Vasil? Кој од овие мотори ќе е подобар во секојдневие сосе истиот именител? Кој ќе има повеќе мускули? Кој ќе влече повеќе? Па и кој ќе е побрз? Кој ќе те залепи за седиште? Со кој е полеско претекнување? Со кој е подобро забрзувањето?
Мислам дека е очигледно од бројките. Дури и кога ќе се изедначат именителите слабиот торк на моторот на ниски вртежи го прави возилото полошо во секојдневие. Дури и ако вртиме повеќе со вториот мотор, првиот има повеќе сила под 6000/6857rpm каде се наоѓаме најчесто. Значи ем треба да вртиш повисоко во секојдневие, ем имаш помалку сила и покрај повисоките вртежи. Некако, не ја гледам предноста искрено. Дали некаде згрешив можеби или се сложуваш со пресметките?




Мислам дека од самиот звук се гледа кој има повеќе сила на кои вртежи: