Јас ги извадив предните фолии, ги атестирав задните. Уредно ги впишаа во сообраќајна, добив и документ за сообразност од АМСМ што ќе си стои во кола. Малку напред-назад додека да се истера целата процедура, ама завршив работа.
Не ми се ризикува, нит ми се расправа со полиција.
Не е страшно и да имаш на предни. Или ќе ти речат на лице место да ги извадиш или ќе ти земат сообраќајна и ќе ти речат на технички да одиш и пред да отидеш ќе ги извадиш.
На BMW-то имам комплет затемнети стакла.
На технички преглед побараа само документ (сообраќајна) и уредно си пишува хомологација затемнети стакла.
Ако се сеќавам добро е што не пишува кои стакла се затемнети, така што помина
Не бев лично јас, жена ми беше. Веднаш прво за тоа и рекоа као дали имала атест за фолиите.
И покажа сообраќајна и рекоа дека нема проблем и то е то.
А реално мислам дека ми се затементи тро повеќе