Денес имав една голгота со стаклата со Шкодата
Им кажав во Порше дека во сообраќајна не ми ги впишале стаклата и начелно ме убедуваа дека немало да има проблем оти навистина на стаклата си има V симбол.
Бидејќи денес ја регистрирав, отидов до кај дечките на технички преглед во АМСМ.
Прво ми рекоа, као ако имаш симбол V, за секој случај нека ти впишат во сообраќајна.
„Ако те донесат со Полиција кај нас технички ние им укажуваме дека нема никаков проблем чим го има тој знак.“
Добро.
Се враќам пак назад во Порше и ми спремаат документ за потврда за Атест за фолии.
Одам на шалтер на МВР.
Тој од МВР ми вика „Аа па ова е цела процедура, дојди од понеделник, не може денес оти денес ја регистрира колата“.
Оттаму одам пак кај овие на технички да ми ги проверат документите од Порше.
И настана забуна.
Дојде тој што им е као главен контролор што и да беше, вика
„Дечко ти имаш документ за фолии. Ти фолии немаш ти имаш стакла, не ти важи ова. Нека ти дадат некаква потврда од Порше дека гарантираат дека возилото има фабрички стакла затемнети“.
Одам во Порше, креваат раменици.
Пребаруваат во документација, викаат оди пак кај тој на МВР шалтер нека провери дека во систем мора да има возилото затеменети стакла.
Одам пак на шалтер, ми вика „немам јас таков систем ќе си одиш во МТВ“
На крај од Порше ми викаат као не се секирај немаш проблем, чим си го имаш V симболот.
Е ај сеа.
Отепав 2 саати во животот на крај пак да не завршам работа