Мислам дека и цените не им се високи. Напротив, ние сме сиромашен народ, затоа е тоа така.
Низок стандард, и, нормално е се да ни биде скапо.
Секаде во светот, горе доле цените по сервисите се скоро исти.
Дали знаете колку чини работен час во Германија и во Македонија во сервисот на фолцваген?
А дали знаете колку чинат деловите?
По некоја логика треба да се поскапи кај нас. Прво затоа што се од увоз, па превоз, царини, даноци, транспорт бла бла бла...
Ама логика кај нас нема.
Сите знаеме што е добро, но не секогаш можеме истото да си го приуштиме.
Инаку ТСИ се најѓубре мотори кои некогаш ги има фолцваген направено.
И нормално е да биде така. Инаку до сега фабриките ке пропаднеа.
Ако нема дефекти, ке нема сервис. Ако нема сервис, нема продажба на резервни делови, нема обрт, нема заработка, нема работна рака.
Инаку има тука некој пристрасни страни
кон некој бренд. Се приметува, онака од страна.