Многу е лошо кога вакво возилце ќе падне во редакција на тест. Зошто?
Па на форумов околу 97% од членовите возиме V6-V10 со по над 350 коња и 1300Nm при 750/vrt/min што ни трошат по 4,8 без клима ако малку ги нагазиме за да ги издуваме низ град.
И сега кога ќе треба да дојде редот на некое вакво возилце што е за обичните смртници, нормално дека сакаме да се понаша како нашите возила и тука некаде се губиме во реалноста.
Митсуво е одлично возилце за таргетот за кој е наменет. Од тој мотор не треба да се очекуваат перформанси, ниту пак возилото е наменето за вадење перформанси.
Целта е да се добие за помала количина евра мал, просторен, економичен, градски автомобил наменет како 2-3 возило, како возило за сопруга/девојка, за на пазар што би рекол Симо, за син/ќерка за на факултет... итн.
Дали е рекордер, нека се занимаваат оние со рекорди. Јас тврдам дека може и 12-13 да си лапне ко од чала.