Во Охрид од буџетарските кафани ги препорачувам Европа и Орфеј.
Двете се со ужасни погледи ама се на 3-4 минути од езеро, така да можеш да се најадеш и да идеш покрај езеро да ладиш тестиси.
Европа се наоѓа тука, големиот паркинг е бесплатен за посетители, на ресторанот, со платно за други луѓе. Тука сум јадел прекрасна шарска со додаток кајмак, топ кременадла и вешалица, друштвото го фалеше стекот. Класични кафански порции, да се најаде чоек а не да слика за фејсбук и инстаграм.
Орфеј се наоѓа тука, на 400-500 метра од Европа. Паркинг бесплатен на улица, кафански амбиент ама порциите се естетски полични за гледање (сликање). Исто превкусна храна, тука сум пробал телешки џигер, селско месо, плескавица со кајмак, лебовите што се даваат како прилог се топ. Даваат зачинчиња со храната, прсти да излижеш.
Од тие поскупите ресторани и кафани со поглед, Noa Lounge Bar ми е фаворит за храна, иако не се нешто подобри од погоренаведените. Пофенси порции, поглед на езеро и слично си дигаат цена.
Сум седнал и во Чун, на само пристаниште, ама цела вечер не ја памтам така да џабе да зборам за храната