Со друштво ќе тераме викенд во Битола и околината, возејќи по рутата на сликата подоле. Би сакал да ги замолам сите што имаат било каков предлог за посета на знаменитости, природни убавини, историски битни локации, археолошки наоѓалишта, значи БИЛО ШТО што може да се посети по оваа рута, да ми кажете и ако не ве мрзи, да ми дадете и координати/пин на мапа.
Фрустрирани сме што странци кои 2 пати дошле во државава виделе повеќе од нејзините убавини отколку ние, што живееме тука 23-24 години, и затоа сакаме да видиме се што е можно.
Исто, би било супер да препорачате што има да се прави/посети во Битола и Прилеп.
Рутата веројатно ќе подлежи на некои промени, така што е можно преку Ресен да се оди покрај Преспанско езеро, а после тоа и кон Охрид, Вевчани и слично.