Автор Тема: Хемиско чистење  (Прочитано 295937 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #855 на: 28 Октомври 2016, 21:23:43 pm »
Дали Пулимаксот од Мафра што е со пумпица (500мл) http://www.mafra.mk/vnatreshno/pulimax500ml ќе ми стаса да ги исчистам сите седишта во една кола од кои возачкото е прилично валкано? Има дури и слој нечистотија ;D . Другите не се толку валкани.

Имам и еден парен чистач за домашна употреба, па дали е паметно и него да го вклучам во чистењето или не? Пулимаксот како треба да го употербувам за најдобро и најлесно да исчистам?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #856 на: 28 Октомври 2016, 21:42:15 pm »
Дали Пулимаксот од Мафра што е со пумпица (500мл) http://www.mafra.mk/vnatreshno/pulimax500ml ќе ми стаса да ги исчистам сите седишта во една кола од кои возачкото е прилично валкано? Има дури и слој нечистотија ;D . Другите не се толку валкани.

Имам и еден парен чистач за домашна употреба, па дали е паметно и него да го вклучам во чистењето или не? Пулимаксот како треба да го употербувам за најдобро и најлесно да исчистам?

И мене ме интересира за парниот чистач.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #857 на: 29 Октомври 2016, 21:19:23 pm »
Za pulimaksot nemozam da kazam nisto najubavo da se prasa darko po moe mislenje nema sansi da ti stigne za cela kola a za cistacot na parea imav jas na vremeto profesionalen no ne bev zadovolen a i nemozes da cistis tapaciri ,krov sedista so nego bidejki gi odlepuva so nego moze samo nekoi plastiki i ventilacija

Отсутен Perfect Car Care

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 186
    • PerfectCarCareTetovo
Одг:
« Одговори #858 на: 29 Октомври 2016, 21:33:14 pm »
So pulimaksot na pumpica od 500 ml treba minimum 2 da imas,  ako imas sloevi so prlavina togas mozno e i 3 da ti bidat potrebno i obavezno masina extractor so topla voda

Sent from my SM-G900I using Tapatalk


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #859 на: 30 Октомври 2016, 02:44:02 am »
Фала dame и Perfect Car Care за одговорите.

Според вас како би можел да го исчистам ентериерот во домашни услови? Ако од пулимаксот ми требаат 3 шишиња, тоа се 1000 денари, плус други средства за маската ќе ме фати поскапо отколку да ја однесам на професионално чистење :) .

Целта ми е значи да ја исчистам внатрешноста во домашни услови и да не ме фати многу скапо (барем не над 1000 денари), ако е можно тоа  :D

п.с ова машина екстрактор со топла вода е парен чистач или друга машина е тоа?

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #860 на: 30 Октомври 2016, 08:00:37 am »
Toa e druga masina koja otkoga ke isprskas so sredstvoto so nea ke treba da ja soberes prljavstinata koja sredstvoto ke ja razlozi i pokasno so istata masina do isprskas so voda i da soberes pak za da ne ostane hemijata vo nego te vo sedisteto ili tapacirot

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #861 на: 30 Октомври 2016, 15:37:33 pm »
Сепак тоа парниот чистач можи да си стои во подрум како и до сега и да не се отвара кутијата за џабе :) Важно стариве го купиле и сега го имам да се пофалам вака на форум дека имам парочистач :D

Туку некој совет имате како би исчистил без тоа машините и со средства кои би коштале до кај 1000 денари (пак ќе речам ако е можно)? Дали од еуростил или од мафра не ми менува, само да може да се набават со лесно.

Присутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #862 на: 30 Октомври 2016, 16:07:40 pm »
Сепак тоа парниот чистач можи да си стои во подрум како и до сега и да не се отвара кутијата за џабе :) Важно стариве го купиле и сега го имам да се пофалам вака на форум дека имам парочистач :D

Туку некој совет имате како би исчистил без тоа машините и со средства кои би коштале до кај 1000 денари (пак ќе речам ако е можно)? Дали од еуростил или од мафра не ми менува, само да може да се набават со лесно.
Јас со пулимакс сам си направив хемиско, користев крпа, кофа вода за исплакнување и за некои места правосмукалка на вода (од оние за дома), од конечниот исход бев презадоволен. Пулимаксот го прскав со пумпица (земена некои 200 денари). Колку потрошив од пулимаксот неможам да кажам, знам само дека од 5 литарскиот концетрат потрошив прилично малку, претпоставувам литар концетрат би ти било повеќе од доволно (1 литар разреден би ти дошло 15 литри, 1:15 сооднос, меѓутоа можеш и 1:10 или 1:20 да одиш). Мене трошоците ми беа можеби 1500 денари (5 литри канта + пумпицата), меѓутоа чуството сам да си ја средам колата е бесценето. Доколку не иде концетратот во помало паковање, а веќе разреден ти доаѓа над очекуваните трошоци пиши ми порака ќе проверам колку ми има останто па ако можам ќе ти излезам во пресрет да земеш колку ќе ти треба.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #863 на: 30 Октомври 2016, 16:09:11 pm »
Можам да потврдам дека Пулимаксот е одличен. Кај Бушав неколку пати кај мене чистевме пар места (централен наслон, наслон за рака на врата) што се прљаат. Многу фино се исчисти.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #864 на: 11 Јануари 2017, 16:44:30 pm »
TOYOTA Land Cruiser денес детално исчистен и ставено керамичка заштита на кожата.Исполирани махагон елементи и ставено керамичка заштита на тахото и махагонот.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10209075953641380&id=1394575068
« Последно менување: 13 Јануари 2017, 20:22:51 pm Auto Car Care »

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #865 на: 02 Февруари 2017, 15:53:00 pm »
Ефтино и квалитетно чистење и нега на кожен ентериер.Секој од вас може и сам да го исчисти и негува ентериерот со малку вложени средства.Не мора да посетувате детаилер.Направете сами.imagenimage hosting over 10mbimghow to screen captureadult image

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #866 на: 02 Февруари 2017, 16:09:18 pm »
Дома гарнитурата ја чистам со ова. Има уште едно за хидратација, подобро не сум користел.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #867 на: 02 Февруари 2017, 17:53:32 pm »
Скај се чисти со овие?

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #868 на: 02 Февруари 2017, 18:02:51 pm »
може и со Charme а многу поефтино а воедно и ефикасно е ова.Сега се знае дека Charme е поквалитетен оти содржи и крем и хидратација,ама и ова во пумпица е добар чистач.
screenshot windows

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #869 на: 02 Февруари 2017, 18:06:05 pm »
Дома гарнитурата ја чистам со ова. Има уште едно за хидратација, подобро не сум користел.
да тоа е последниот step.Доволно е после детергентот да ја премачкаш со кремата.Еднаш годишно можеш со спрејот за хидратација.