Дечки дајте препорака за "хемиско" чистење во домашни услови.
Сакам да ги исчистам најпрвин пластиките кои се крем боја, цела кола е обложена со некаква мека "гумирана" пластика. Исто така сакам да ја исчистам и да ја заштитам убаво шалтаблата (моделите до 2008 имаат проблем со лупење/пукање и се лепливи на допир). Имам беж тепих, па сакам да го ислистам и него, но немам екстрактор моментално каде што живеам, имам само tornador. Кровот не би го чепкал. Дали би завршил работа со пена од turtle wax или некоја друга? Не сакам да користам средства како Koch Chemie Green/Pol Star, Mafra Pulimax, со страв да не остане нечистотијата внатре во материјалот, односно да направам полошо бидејќи немам екстрактор.