Автор Тема: Хемиско чистење  (Прочитано 298293 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3064
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1605 на: 02 Ноември 2024, 07:45:10 am »
Хемиско за седишта само некој низ Скопје по можност околина Аеродром ?

Stefanov Basement Lab

Работи само со Riwax и работни ептен квалитетно.

Отсутен GorVel

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1606 на: 12 Ноември 2024, 15:35:23 pm »
Здраво,
до сега не сум пишувал на форумов но доста имам прочитано и научено од него. Браво за дечките што даваат корисни и искрени совети. Претежно сам си ја чистам колата па си купив и екстрактор. До сега ги користам подолните производи и во голема мера сум задоволен но би сакал да променам и скоро сите производи ми се потрошија. Ве молам посебно искусните за препораки за да не идам по грешка од коњ на магаре хаха.

За ектериер на перална користам:
Шампон и сунгер и Sonax.
За бандаши Sonax Beast Wheel Cleaner
За дресинг на гуми, пластики и гедери Carpro perl. Би сакал да го има и во спреј за гумите поради полесно нанесување ама нема.
За бандаши  дресинг  - имав еден спреј од Sonax но го нема повеќе во продавнициве па ставам од Sonax XTREME Ceramic Spray Coating
За каросерија Sonax XTREME Ceramic Spray Coating порано ставав BSD. Сакам да пробам нешто подобро како Ceramic Spray Coating - DYI на пример Gyeon Q² Can Coat или SOFT99 FUSSO COAT или друго. Овде препораката најмногу би ми значела.
За стакла алхохолен оцет

За внатрешност:
за екстракторот MAFRA Pulimax
за кожа сетот од MAFRA
за пластиките и слично CARPRO MultiX добро разреден
за дресинг Carpro perl - тука малку ме нервира рачките на платиките на вратите е друг помазен вид на пластика и остава малку како мрсно
За мирис не знам како се вика едно како мало тегличе одозгора кога го гледаш има сребрен вентилатор кој се врти, плавото ми е многу убаво на мирис

Ви благодарам секоја препорака е добредојдена






Отсутен GorVel

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1607 на: 14 Ноември 2024, 12:15:28 pm »
После мало истражување за DIY керамичка облога/wax која не бара професионално знаење и може полесно да се аплицира за аматери ентузиасти, а би требало да е достапна кај нас ги најдов следниве 4 производи:

Carpro Cquartz Lite - 3.700 денари со издржливост 6+ месеци - би требало да е со најголема издржливост и одлични перфоманси
Gyion Q² Can Coat - 2.700 денари со издрживост 6+ месеци - треба да има многу малку послаба издржливост од Carpro Cquartz Lite и малку полесен за нанесување.
SOFT99 FUSSO COAT - 2.300 денари со издржливост 6+ месеци - треба да има многу малку послаба издржливост Gyion Q² Can Coat и нанесувањето да се слично по тешкотија како Gyion Q² Can Coat.  Ова е wax и не е на SiO2 но како и претходните си ја врши работата.
Meguiar's G210300 Hybrid Paint Coating Kit - би требало да е околу 2.300 денари има застапник но не го гледам дека е претставен на страната. - лесен за нанесување но најверојатно со послаба издржливост од претходните моја препоставка 4+ месеци.


Дали сте имале некои искуство?


Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3165
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1608 на: 14 Ноември 2024, 13:29:52 pm »
Јас ги имам користено првите две и се ок но не се баш лесни за нанесување нарочито Лајт иако е најдобар избор од овие

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 353
  • The best or nothing.
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1609 на: 14 Ноември 2024, 14:09:42 pm »
@Roci ти си најголемиот тестер во Македонија.
Како викаше ти, свинска маст е најубава заштита, со трајност од 6 месеци.  ;D

Отсутен marko2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1610 на: 18 Ноември 2024, 12:13:45 pm »
Здраво на сите,

Дали некој случајно го има или да не имате мислење за Winning star на ананас?
Би се користело за перење на тепих од време на време по беља на миленикот.

https://ananas.mk/proizvod/winning-star-masina-za-hemisko-cistenje/2400215
« Последно менување: 18 Ноември 2024, 12:22:30 pm marko2 »