Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 116001 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #300 на: 25 Ноември 2015, 19:50:55 pm »
90% се монтираат такви бидејќи се ефтини, а не дека се работи за квалитет.

Што се однесува до безбедноста. И затворен систем може да е небезбеден, и отворен може да е небезбеден. Се зависи од изведбата.


Затоа на запад си имаат стандарди за оваквите работи. Во системот мора да има дел што ќе го лади вишокот на топлинска енергија. Tие што имаат базени ова лесно го решаваат со пренасочување на гликолот низ водата (и таму го оставаат вишокот енергија), тие што немаат вакви опции им треба нешто како активен чилер кој топлината ќе ја испушта блиску надвор (може и голем сад со вода, кој би служел и како бафер за топлотна акумулација).


Просто може да се реши и кај нас...
Или да се стави еден вентил на врвот на бојлерот, некој бојлери имаат таков извод, и при температури кои нема да ги задоволат безбедносните мерки, ке се отвара и ке ја испушта топлата вода во канализација, а вентил на влез ке пушти ладна вода во бојлерот, и на тој начин ке ја симне температурата.
Или друга варијанта ако дојде до прегревање на гликолот во системот, ке се отвори еден вентил кој ке направи циркулација низ наједноставно направен ладилник од кола со вентилатор кој постојано ке дува и ке го лади гликолот :)
Има многу начини за заштита.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #301 на: 25 Ноември 2015, 19:54:30 pm »
90% се монтираат такви бидејќи се ефтини, а не дека се работи за квалитет.

Се соглсувам.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #302 на: 25 Ноември 2015, 20:16:43 pm »
Просто може да се реши и кај нас...
Или да се стави еден вентил на врвот на бојлерот, некој бојлери имаат таков извод, и при температури кои нема да ги задоволат безбедносните мерки, ке се отвара и ке ја испушта топлата вода во канализација, а вентил на влез ке пушти ладна вода во бојлерот, и на тој начин ке ја симне температурата.
Или друга варијанта ако дојде до прегревање на гликолот во системот, ке се отвори еден вентил кој ке направи циркулација низ наједноставно направен ладилник од кола со вентилатор кој постојано ке дува и ке го лади гликолот :)
Има многу начини за заштита.

Се разбира дека постојат многу начини за да се реши еден проблем, токму тој што го наведуваш е тоа што се препорачува како стандардно решение. Ок, не со ладилник од кола ама генерално тоа е тоа. ;)

Но! Сепак што правиме кога ќе снема струја?
Елетровентилот ќе ја испушти топлата вода од бојлерот. Со тоа е заштитен бојлерот од прегревањем но со што со гликолот? Пренасочувањето кон ладилникот од кола, за тоа треба струја, нели?

Ок, УПС ќе предложи некој. УПС е добар за пократки прекини, но што правиме кога цел ден (долг, летен, сончев) уште од наутро би снемало струја? Што ако неколку денови нема струја?
Ретка ситуација, ама сосема возможна. Во Македонија живееме сепак.


Единствено целосно решение кое нуди решение на сите овие проблеми, се Drain Back Solar Systems. Во Канада и САД се примарно решение, таму на северот и гликолот замрзнува навечер. :)
А поевтино решение е, со дестилирана вода наместо гликол, нема ескпазиони садови, нема потреба од УПС-ови... единствен „проблем“ на кој наидов е шумот од водата, ама на америчкиве форуми велат дека тоа е од недоволно широки цевки (исто и проблемот кога водата не паѓа долу во бафер резервоарот).

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #303 на: 25 Ноември 2015, 21:01:12 pm »
Во случај како ти што кажуваш, ке се крене притисокот до 6 бари. На 6 бари ке испушти сигурносниот вентил и со тоа е решен проблемот од експлозија. Следен проблем е тоа што можеби ке се оштети панелот, физички, од прегревање, но тоа нема да е опасност по луѓето и да ја загрози нивната безбедност.
Инаку УПС од 600 вати ке биде доволен да ја работи пумпата од 30 вати скоро цел ден, прво затоа што таа нема да врти нонстоп, туку ке се укчучува и исклучува во зависност од температурата.

Следна работа како заштита кога не сме дома подолго од еден ден е поставување на заштитна покривка на панелот.
итн :)

Инаку тоа со хладњакот го спомнав како наједноставно можно решение кое може да се направи по принципот направи сам, а ке функционира беспрекорно.

Или ако снема струја, постои варијанта да се стави една напонска сончева келија, која ке полни батерија за УПС на пример.
Ако снема струја, а има сонце за да ја грее водата ке има и сонце да ја полни батеријата за да работи пумпата. :D :D :D

Нели?

И уште една работа.
СЕКОЈ ПРЕДИМЕНЗИОНИРАН систем ке има опасност од прегревање.
Многу од мајсторите викаат: Земи си поголем панел, побрзо ке ти се грее водата...
ГЛУПОСТ.
Поголем панел значи предимензионираност. Наместо водата да се загрее колку што треба, таа ке се прегрева. Па ризикот за да се случи нешто е поголем.
Јас летово кога бев на одмор, од први август до 10-ти, соларот си беше оставен сам на себе. Дури не го префрлив ни на летен режим, него го оставив така...Водата ниеднаш не се прегреала, и се си било во најдобар ред. Моите го контролирале системот, им објаснив како...
Инаку без контрола се остава во летен режим и можеш да си раат. Пумпата работи и ноќе и ја лади водата преку соларот.

:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #304 на: 25 Ноември 2015, 21:49:17 pm »
Така е Сале, има многу решенија. Работата е кое решение е најдоброто.  :)
Еве според мене, накратко и сублимирано:

- Евтините варијанти со бојлер на кров. Добри страни: евтино и едноставно решение, во летно време супер ефикасно. Лоши страни: во меѓусезони стануваат неефикасни кон неисплатливи (во зависност кој е паметен да ги користи само на сончево време), зимно време се економско самоубиство (иако има луѓе што ги употребуваат, видовме и неколку поста поназад).

- Класичен затворен систем како што го нудат сите фирми овде. Добри страни: работи и во меѓусезони, и зимно време. Лоши страни: Сложено решение со гликол, експанзиони садови, и ако сакаме безбедност, електромагнетни вентили на бојлерот, УПС или фотоволтаик панел за пумпата, додатен дел за одстранување на вишокот на енегија... Многу поскапо решение, до таа мера да не е баш јасно дали е економски оправдан за стандардна потрошувачка на топла вода.

- Drain Back Solar Systems. Добри страни: поевтино решение од затворениот систем со гликол, не требаат експанзиони садови, дестилирана вода наместо поскапиот гликол, не треба УПС/фотоволтаик/ладење на вишокот топлина - затоа што системот употребува вода како изменувачки флуид и бафер резервоарот за таа вода има празен простор во кој водата паѓа надолу од панелите на кровот (и од цевките). Што се случува ако снема струја? Ништо, пумпата ќе се исклучи и водата ќе се врати во бафер резервоарот. Прегревање? Не е можно, контролерот ја запира пумпата кога водата ќе надмине поставена температура (90+с), значи ако не сум дома не мора жена ми или татко ми да се пентарат на кров со ќебиња.  :D   Замрзнување? Не е можно, контролерот ја запира пумпата кога водата ќе падне под поставена температура (недоволна температура да се грее водата за бањање, во бојлерот, патем тоа е одделно не се мешаат двете води)
Лоши страни: Никој не знае, или не се нафаќа да ти намести ваков систем. Ем е поевтин (помал профит), ем им е неиспитана работа.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #305 на: 25 Ноември 2015, 22:59:06 pm »
Така е Сале, има многу решенија. Работата е кое решение е најдоброто.  :)
Еве според мене, накратко и сублимирано:

- Евтините варијанти со бојлер на кров. Добри страни: евтино и едноставно решение, во летно време супер ефикасно. Лоши страни: во меѓусезони стануваат неефикасни кон неисплатливи (во зависност кој е паметен да ги користи само на сончево време), зимно време се економско самоубиство (иако има луѓе што ги употребуваат, видовме и неколку поста поназад).

Ван не се согласувам со тебе во делот за евтините варијанти. Дефинирај што подразбираш под тоа дека се економско самоубиство зимно време? Претпоставувам дека не користиш таков соларен систем ниту пак си правел муабет со некој кој користи. Еве јас од прва рака ти кажувам дека зимно време го вклучувам греачот само ако е облачно цел ден, а кога макар и саат време има сонце тогаш температурата на водата без проблем качува на 40 степени на полн бојлер и пази куќата ми е на таква локација каде што е потребно повеќе часа сончева енергија во текот на денот. Кога ќе биде најладно зимоска а има макар малку сонце ќе сликам и ќе пуштам слика.

Да се неекономични зимно време не се согласувам воопшто. Како што кажав во претходниот пост, намената на соларните системи е заштедата на електрична енергија, така да хипотетички речено еднаш да има сонце во текот на цела зима и само тој ден да се избањам за џабе што би се рекло е заштеда во споредба со вклучување на бојлер секој ден. Се надевам има и други клабери кои имаат вакви системи и можат да споделат нивно искуство за користење во зима на овие соларни системи.

Да не бидам погрешно разбран, не велам дека панелните соларни системи не чинат. Нормално дека се подобри, побезбедни од отворената варијанта, имаат подолг век на експлоатација, но далеку од тоа дека овие вториве не се исплатливи или не ефикасни зимно време.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг:
« Одговори #306 на: 25 Ноември 2015, 23:43:57 pm »
Дибидус што сакаше да кажеш со тоа дека затворените се побезбедни од отворените системи?
Ако не ти е тешко да ми образложиш на кратко.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #307 на: 25 Ноември 2015, 23:46:15 pm »
Бачка во ред е да не се согласуваме, нема да има дебата поинаку. :)
Но ајде малку со аргументи да зборуваме. Мојата теза е дека кога бојлерот е надвор, а надвор е ладно, доаѓа до ладење на водата внатре во бојлерот - без разлика колкава е изолацијата (а обично се работи за пар сантими полуретанска (или друга) пена. Идеме понатаму, ако топлинската енергија добиена од сонцето е поголема од топлинските загуби од ладниот надворешен воздух - тогаш се е во ред и водата се грее. Но (!), кога е облачно ефикасноста драстично се намалува а посебно навечер, тогаш па воопшто нема загревање на водата од сончево зрачење.
Значи од каде се грее тогаш водата? Па од електричниот грејач во бојлерот.

Мое мислење е дека зимно време, генерално трошиш повеќе електрична енергија, од тие што имаат класичен електричен бојлер. Затоа што тие бојлери се внатре, не се надвор на ладно. Ова може да биде неточно само ако си неверојатно дисциплиниран да се бањаш само тогаш кога има повеќе саати сонце. Дали дома се бањате само кога е сончево?

Практично се додека не ставиш мерач за потрошувачка на штекерот од бојлерот, не можеме реално да зборуваме колку штедливо ја згреваш водата. Тоа веќе би бил многу добар аргумент, конкретен факт колку киловати струја потрошил бојлерот.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #308 на: 26 Ноември 2015, 00:14:33 am »
Дибидус што сакаше да кажеш со тоа дека затворените се побезбедни од отворените системи?
Ако не ти е тешко да ми образложиш на кратко.

Дени како што кажав претходно не сум стручњак ниту пак инжинер. Тргнувам од фактот дека ако не знаеш што е подобро прашај што е поскапо. Затворениот систем е во најмала рака 3 пати поскап од отворениот систем. Оттаму и дека се побезбедни. И Сале спомена дека и двата система можат да бидат небезбедни зависно од изведбата. Ако грешам јбг, молам да ми биде простено :). Поентата на постот ми беше друга, да не се повторувам.

Бачка во ред е да не се согласуваме, нема да има дебата поинаку. :)
Но ајде малку со аргументи да зборуваме. Мојата теза е дека кога бојлерот е надвор, а надвор е ладно, доаѓа до ладење на водата внатре во бојлерот - без разлика колкава е изолацијата (а обично се работи за пар сантими полуретанска (или друга) пена. Идеме понатаму, ако топлинската енергија добиена од сонцето е поголема од топлинските загуби од ладниот надворешен воздух - тогаш се е во ред и водата се грее. Но (!), кога е облачно ефикасноста драстично се намалува а посебно навечер, тогаш па воопшто нема загревање на водата од сончево зрачење.
Значи од каде се грее тогаш водата? Па од електричниот грејач во бојлерот.

Мое мислење е дека зимно време, генерално трошиш повеќе електрична енергија, од тие што имаат класичен електричен бојлер. Затоа што тие бојлери се внатре, не се надвор на ладно. Ова може да биде неточно само ако си неверојатно дисциплиниран да се бањаш само тогаш кога има повеќе саати сонце. Дали дома се бањате само кога е сончево?

Практично се додека не ставиш мерач за потрошувачка на штекерот од бојлерот, не можеме реално да зборуваме колку штедливо ја згреваш водата. Тоа веќе би бил многу добар аргумент, конкретен факт колку киловати струја потрошил бојлерот.

Ван, не се согласувам со твоето мислење во врска со болдираното. Ќе кажам пак. Да претпоставиме дека бојлерот дома (електричниот) си го испразнил и треба да го наполниш. Пошто е зимно време ќе го наполниш со ладна вода чија температура е под 10 степени. Под услов дека за тој ден си завршил со бањање и следното бањање да ти е наредниот ден (под услов да се бањаш секој ден :), мала шала) ти ќе почнеш да ја загреваш водата од 10 степени до посакуваните 40. Кај мојот бојлер на кров што е наполнет под истите услови јас ќе почнам да ја греам водата од 25-30+ степени од причина што водата се загреала од Сонцето иако да речеме било облачно ама колку толку допринело да ја загрее барем малку. Но ова е само под тие услови. Во реалноста со кај мене температурата на водата никогаш не паднала под 25 степени од причина што ако не е многу сончево во текот на денот таа се искачила со 50, 60 и повеќе степени. За бојлер од 150 литри и за едно тричлено семејство како моето е сосема доволно сите да се истушираме, садовите да се измијат (повеќе пати дневно) и бијлерот да биде наполент најмалку до половина а најчесто полн со температура на водата над 30 степени. Ова научно не можам да ти го докажам, треба друже да дојдеш и да видиш.
Досега како залади времето или еве од почетокот на Есента па навака греачот да сум го вклучил три пати.

И да, дома се бањаме секој ден со особено задоволство кога е облачно  ;D ;D ;D

П.С Дебатата не е добра ако нема различни мислења. Ако нешто сум кажал од незнаење или од немање искуство или сум увидел дека не сум бил во право ќе го прифатам другото мислење кое сум го оспорувал, ќе се извинам и частам пиво. Во случајов пишувам од искуство (4 години како го користам отворениот соларен систем) и не пишувам измислици.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #309 на: 26 Ноември 2015, 00:22:45 am »
Баш ме заинтересира како може да се небезбедни. Па уште и „понебезбедни“. Колку што и тенџере со вода на кров е небезбедно, толку и отворениве... Ај може некој друг знае да подобјасни.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #310 на: 26 Ноември 2015, 00:25:42 am »
ОК, супер за тебе ако е така - ама некогаш те наведе патот накај Анхоч или Сетек, пазари едно уредче за мерење на потрошувачка. Корисни работи, често изненадуваат... ;)

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #311 на: 26 Ноември 2015, 00:30:13 am »
Ајде малку помош колеги.Моиве монтирале сончев колектор во викендица додека јас бев на службен пат надвор од Македонија.
Тој монтерот им кажал на моите но колку разбрале и запаметиле тоа е друга работа.
Да скратам:

Се работи за колектор со цевки и долу има едно апаратче со неколку команди и бројќи за топлина веројатно на водата.
Поим немам како се користи и за шпа то се тие команди

Како и да е сега со почетоков на ладново вода топла немам,па разбрав дека колекторов бил само кога е сончево.

Е сега бев во план и сеуште сум да најдам некој кој ќе има топла вода и преку зима.
Ме интересира колку е заштедата и дали е вистина дека тој грејач е само 2о W и дали има можност да се гаси кога ќе се има топла вода или цел ден треба истиот да работи?Ова го прашувам дека 20W x24 часа е 480 вати,доколку истиот би работел постојано.

Да ми даде некој цени и каталог за такви системи и да ми кажете на што да внимавам???

И се разбира место каде можат да се најдат вакви колектори

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #312 на: 26 Ноември 2015, 00:37:07 am »
20w???
Да не е тоа грејач за аквариум???

Нека не ве лажат бре луѓе....
2КW може да е, односно 2000W.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #313 на: 26 Ноември 2015, 00:43:08 am »
20w???
Да не е тоа грејач за аквариум???

Нека не ве лажат бре луѓе....
2КW може да е, односно 2000W.


2кw на час? па еве и цел ден да е?

Не е тоа премногу.Па обичниов болјер ќе потроши помалку

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #314 на: 26 Ноември 2015, 00:43:39 am »
ОК, супер за тебе ако е така - ама некогаш те наведе патот накај Анхоч или Сетек, пазари едно уредче за мерење на потрошувачка. Корисни работи, често изненадуваат... ;)

Ван друже, можеме до утре да се објаснуваме, не знам како да ти докажам дека не си во право. Во најлош случај може да ми се случи да ја догреам водата во бојлерот 10 пати месечно. Тоа се Декември, Јануари и Февруари. Значи од 90 дена само 30 пати сум ја догревал водата,останатите 60 дена ја користам Сончевата енергија. Со електричен бојлер секој ден ја грееш водата. Која е сега разликата во потрошувачката?

Еве ти слика да видиш која е температурата на водата сега во моментот. Денов имаше малку Сонце, од полн бојлер беа потрошени 3/4 и надополнет до половина. До сабајле ако  е ладно ноќеска, а ќе биде, ќе падне до 35 степени.

Brains are awesome. I wish everybody had one.