Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115865 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #165 на: 25 Април 2014, 11:19:21 am »
Може и така како што објасни :) Постојат многу варијанти, само како што рече треба да се спроведат :)

Единствено нешто ради кое не се монтираат е цената која влијае при изборот кај купувачот. Луѓето денес најчесто се одлучуваат за најефтината варијанта, кај која безбедноста е сведена на минимално ниво, односно во некој случаи и не постои.

Која безбедност конкретно?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #166 на: 25 Април 2014, 11:24:11 am »
1. Ефтина кинеска електроника
2. Некористење на соодветни и користење ефтини сигурносни вентили и непочитување на условите за одржување на истите.
3. Штедење на материјали при монтажа и изработка.
4. Пумпи од непознати и непроверени производители.
5. итн

Дали мислиш дека некој ако тебе ти предложи понуда за изработка на соларен систем како онаа која онак ја напиша во неговиот последен пост, за заштита од прегревање, а цената биде зголемена за одприлике 150 евра, ке ја примениш како функционална и проверена заштита, или ке речеш, ма ке одам на поефтината варијанта, коа ке одам на одмор ке си ставам на кров картон? 150 евра не се малку пара...За мене, за тебе незнам...

Но јас совесно размислувам и сум човек кој сака и покрај секоја цена се да му функционира прописно и како треба, поготово кога станува збор за безбедност. Во секој случај се трудам да е што побезбедно она што ке го набавувам или за кое размислувам во моментот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #167 на: 25 Април 2014, 11:27:24 am »
За прегревањето зборуваш така? Системите кои се на кров (обично) не се под притисок. :) Имаат дупка на самиот бојлер од два-три центиметри. Водата испарува низ него ако е над 100степени. А потоа испарениот дел се надополнува со свежа ладна вода.

Или за некоја друга варијанта зборуваш што е под притисок?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #168 на: 25 Април 2014, 11:28:15 am »
има повеке чекори на безбедност:

-дебелина на цевки
-изолација
-заштита од прегревање
-изолација на цевки и црева
-тип на материјал
-квалитет на пумпа и експанзија
-изведба на цевки

се тоа спаѓа во безбедност... има еден куп правила како да се поврзе солар и како да се постигне врвна заштита и сигурност... на оние притисоци што ги спомиња сале, поставува сигурносен вентил од 6 бари... значи ако се крене притисокот од икс причини повеке од 6 бари тој ке отвори и ке испушти нешто додека да се намали притисокот...

дали знаеш што ке се деси на 6 бари доколку има тенкозидни цевки бакарни (како што 99% се монтираат), или доколку има некоја кинеска пумпа монтирано, која нема атест (како што повекето монтираат) или наедај боже како што гледам последниве години им тураат пумпи за парно наместо за солар?

а што ке се деси со термоманомерот кој кошта 5 пати помалку ако е со мерно поле до 4 бари? а автоматските лончиња, вентили и останати пропратни елементи кои се наменети за парно? а експанзионата? нај лесто се со атести до 3 бари и се за парно... за солар се поинакви и со поинаква мембрана внатре... таа знае да експлодира како бомба...

проблемот е што народов смета дека солар е само 2 цевки, врзан на панел и пикнати во бојлер... да начелно е така, ама не е само тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #169 на: 25 Април 2014, 11:30:19 am »
За оние под притисок.
Тие без притисок што се, единствено што може да се случи е да рикне електрониката и електричниот греач.
Тие ти се принцип на црно буре на кров кое се полни преку електромоторен вентил, два тастера, отвори и затвори, и дисплеј за температура...толку...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #170 на: 25 Април 2014, 11:32:03 am »
и тие што се на кров со бојлерот се под притисок... има 2 типа од нив.. едните ја користат водата директно другите се со своја вода или антифриз... и едните и другите се под притисок...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #171 на: 25 Април 2014, 11:32:15 am »
За оние под притисок.
Тие без притисок што се, единствено што може да се случи е да рикне електрониката и електричниот греач.
Тие ти се принцип на црно буре на кров кое се полни преку електромоторен вентил, два тастера, отвори и затвори, и дисплеј за температура...толку...
Токму така. :)

За оние под притисок искрено прв пат слушам дека можело да се инсталираат без заштита од прегревање. :( :( 100тка се дига во македонија секое лето без проблем.

и тие што се на кров со бојлерот се под притисок... има 2 типа од нив.. едните ја користат водата директно другите се со своја вода или антифриз... и едните и другите се под притисок...
И уште еден тип кој не е под притисок има. Затоа прашав поточно да дообјасни.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #172 на: 25 Април 2014, 11:33:22 am »
или доколку има некоја кинеска пумпа монтирано, која нема атест (како што повекето монтираат) или наедај боже како што гледам последниве години им тураат пумпи за парно наместо за солар?

За ова ке искоментирам само: КЕ ТЕРА.... е најчестиот одговор :D :D :D

За останатите работи кои ги наведе не сакам да помислувам а камо ли да дискутирам...
Притисок од 6 бари може да убие...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #173 на: 25 Април 2014, 11:33:29 am »
99% ги монтираат без заштита од прегревање... верувај... а се е тоа заради цената на изведбата... да се биде што поевтин па макар и нај чкарт, стана натпревар во државичево, што не е во ред кога се работи за техника...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #174 на: 25 Април 2014, 11:37:11 am »
Јас искрено не сум сретнал некој да има ставено систем за прегревање.
А и луѓе кога си легнуваат заспивааат како заклани, јас најчесто тогаш размислувам, неколку минути па заспивам. Во тој период ми се вртат мисли за нешто што работам и ми е актуелно, или ми е во фаза на изработување...Па така дојдов на идеа дека можеби нешто ке се случи и како да се реши.
Не мора да значи дека ке го применам одма, но е добро да се има како опција. И да се размислува во тој правец. А може и да го наместам, пошто ако го оставиш нештото да работи во таква состојба, вечно ке остане такво :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #175 на: 25 Април 2014, 11:38:49 am »
Многу точно. Како ќе наместиш - така ќе ти остане. Тоа муабети понатака ќе ставам... Никогаш нема да се десат. Ни-ко-гаш.

Ако ти е во куаптило бојлерот како кај тебе, опциите кои се за заштита? Ќе ставиш некој вентил во WC да оди во одводот?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #176 на: 25 Април 2014, 12:08:21 pm »
Бпојлерот го ставив надвор од купатилото...Во котлара, каде ми се наоѓаат котелот за парно, соларниот систем и машината за перење...Понатака планирам да ставам и за сушење.
Просторијата е опремена со струја заштитена со посебна фид склопка, наменета само за тој дел, односно котлара. Има вода и одвод на повеќе места.

Останатиот дел од куќата каде што имаат допир вода и струја има посебна фид склопка, односно тоа е делот од кујната и купатилото комплетно, освен фрижидерот.

Единствено негативна работа со бојлер надвор од купатило е да почекаш да дојде топлата вода. Пушташ и броиш највеќе до 10, може и побрзо за да дојде топла вода. Од чешмата до бојлерот има 6 метра цевка.
Се друго е позитивна работа. Немаш чир, за да пазиш да не удриш со глава, естетски поубаво изгледа без целиот сплет на цевки, кабли, сензори итн итн, без машината аз перење имаш комодитет. Купатилото ми е околу 5-6 квадрата и изгледа огромно без овие две работи - бојлер и машина за перење.

Јас кога градев го испланирав овој момент и сум стварно среќен заради тоа. Инаку каде што нема опција за оваква комбинација, стварно треба да се мисли за ова што го праша, но тоа би било на некој начин спроведување на посебна цевка до одводот...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #177 на: 29 Април 2014, 13:19:12 pm »
во целост го пастирам текстот за кој и јас имам исто мислење,а мислам дека и некаде пишав како да се продолжи работата кога зимно време има голема влага во воздухот и кога за кратко време климата оди во дифрост.вака само ќе се продолжи работата,ќе биде поефикасна и ќе го забави одењето во дифрост.
цитат:
Пошто не ми се интересни климите( сега засега) но колку што сум во тек и колку што читам тука на форумот испаѓа дека секоја клима и онаа најобичната може да загрева се додека надворешната температура е над нулата, а дека и најскапите клими тука на пазарот на - 15 степени веќе им паѓа искористеноста. Сега да не навлегуваме во детали и разни типови на клими и разменувачи на топлина, ке заклучиме дека најбитен фактор од сето ова е температурата на воздухот околу надоврешната единица или испарувачот. Колку е таа поголема толку климата ке има подобра искористеност или подобро би топлела. И сега прашањето од милион долари е зошто наместо да давате по 1000 и кусур евра за некоја фенси клима која ке можи да загрева и на -20 степени, не вложите 1000 денари и не го стоплите воздухот околу климата на некоја пристојна температура. И под топлење не мислам на да се лажи термостатот со греач или таму некој финти туку едноставно да се зголеми температурата околу самата клима. Теоретски не гледам причина зошто не би функционирало. И не немислам да се загрева воздухот со греач туку со најобичен соларен загревач на воздух или како ли се вика. Имам постирано тука начин на изработка но секако на нет ке се најди, не е ништо посебно да се направи. Убавото во сето тоа е што треба температурата да се доведе до некој 7-8 степени ( а не до 24 ). Сега како тоа би се извело, дали топлиот воздух да се дува во самиот разменувач на надворешната единица или надворешната единица да биде ставена како во некое звоно или што знам јас смислете сами. Ако ништо друго вреди да се проба, не е којзнае колкава инвестиција или нешто што неможе да се направи дома.

извор: http://forum.kajgana.com/threads/%D0%90%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5.57347/page-11

EDIT velestrumf: maci, тука е објаснето како полесно да се снајдеш со долги линкови.
« Последно менување: 29 Април 2014, 13:21:29 pm velestrumf »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #179 на: 07 Мај 2014, 13:58:12 pm »
ariston 80л болјер за солар со две спирали 8000 ден со 2 год гаранција,а со една спирала е 7000 ден.
форд фиеста 1,4 тдци