Солар е мала од 500-1000 денари максимум за едно домаќинство.
Како бе мала? Ти или не работиш и живееш на туѓ грб (читај: тате носи мама меси) или пак заработуваш солидно па 1000 денари не ти значат ништо. Прашај го обичниот македонец кој едвај врзува крај со крај дали заштедата од 500 до 1000 денари е мала за него. Чисто за компарација, ако земеме просек од 10 евра заштеда на месечно ниво за соларот, на годишно ниво се 120 евра. За 4 години 480 евра колку што чини еден соларен систем од најобичните, зборувам за оние со вакум цевки и бојлер на кров. Од 5-тата година па натака соларот е веќе исплатен а ти плаќаш сметка за струја помала за 10 евра.
да додадам уште малку муабет околу заштедите? бидејки јас во животов не турав солари само за домакинство туку и на некои други опции работев, заработив и имплементирав кај мене исто така...
на пример:
-во охридон наш насушен, пред повеќе од 10 години, во хотел наместивме 50 панели, да греат вкупно 3 тона во бољери, кои се трошат константно... инвестицијата ја вратија за 2,5-3 сезони...
-солари за фузија на земјиште за побрз раст на незнам ти таму какви цвеќиња...
-во елитниве населби местевме солари за греење на базените и дополнително за домакинството.
е ова последново и кај мене го применив... 8,5 тона вода во базенот имам, секој ден ги загревам минимум 5-6 степени погоре од утринската температура... нека пресмета некој колку се штеди секој ден... 10 евра? би рекол 10 евра на ден.