Ја продлабочивте темата додека ме немаше. Инаку сликата што ја поставив е сликана денес, а восокот е нанесен во саботата, во меѓувреме врнеше, ја возев, ломови се кај мене улиците. Така да не е одма сликано после нанесуван восок.
И ке морам да ја набавам таа глина, приметувам дека површината не е идеално мазна, туку има точкици на кои се задржува восокот кога ја средувам. Те-ен врвен мајстор се гледа дека си ја познава работата
Само кај тебе би ја однел колата на средување
))
е токму за тоа зборувам,после миење на возилото стави ја раката во едно најлонско кесе,од оние малечките до 2кг. и помини нежnо на хаубата,ќе видиш дека гребе лакот,треба да клизи најлончето како после полирање,значи дека лакот е контаминиран,сега постапката за тебе е лесна,сликите ги разгледав што ми ги прати тогаш.лакот има сјај кај тебе,треба да се тргне контаминацијата,ако не сакаш да се полира ,тогаш треба да набавиш глина или ironX кој кај нас тешко се достапни,но можеш да го решиш тоа еднаш засекогаш, да си порачаш од ebay Nume можеме да го ангажираме,да организираме еден group bay и да порачаме,или ако има повеќе заинтересирани можам да набавам јас,од Београд имам добавувач кој е по потекло од Битола,застапник за врвни фирми,може да ни испрати,после глинирање и миење можеш да го нанесеш восокот што го имаш,тој е многу добар восок,и обичниот и за металик ,се квалитетни восоци,долго траат и оставаат вискок сјај,но предходно како што кажавме,ќе ти треба дебела сенка и едно два три саати работа,но верувај ќе ти се исплати,возилото ти е добро сочувано и вредно е бембарчето за секој денар што ќе го потрошиш околу него.Ама се распишав,ме чека долу мече за лснување
