@ТЕ-ЕН еден совет и за мене.што би ми препорачал за полирање со машината.каква паста и дали со ребраст сунгер или со волнена крпа 
звучи смешно,ама се разбираме.
не е ништо смешно

,имаш желба и тоа е доволно за почеток,потоа следи празнење на буџетот кој што го имаш на располагање,машина која константно ќе ги држи обртаите,тоа значи дека ако ја наместиш на 900 о/мин,и кога ге ја ставиш со сунгерот и пастата на хаубата ,и плус тежината од полирката и плус некое кило од твојата рака и притисокот што го правиш несвесно,обртаите треба да бидат постојани,значи квалитетна полирка,сунгери ти требаат минимум три,за абразивна паста,за средна паста и за фина паста,со еден сунгер и со една паста не можеш да направиш ама баш ништо,можеш само да ја усвирлаш и да ја холограмисаш колата,пасти јас знам само најквалитетни 3М,една е околу 2000 денари,ти требаат минимум три,јас ги имам сите нивни 8,сега гледам дека работиш на акрилна црвена боја погрешно со синтетиката што ја даваат заедно со полирката,тоа ќе ти стои секогаш во некој дел од визбата или гаражата

,акрилната боја не трпи јаки абразиви,можеш да го оштетиш лакот,значи купи 200гр 3M extra fina и жолтиот 3М сунгер,

ќе ти треба и подлошка 125мм,

бидејќи таа што иде со полирката е 180мм,сунгерот го ставаш на подлошката од 125мм и на сунгерот ставаш 4 капки

,на површина од 30х30цм почнуваш да полираш со мал притисок врз полирката од околу 2/3кг,на брзина од 1200/1500 о/мин,лево десно еден прелаз низ целта површина и потоа горе долу низ површината од 30х30цм,сето тоа додека не зебележиш дека пастата си ја разбил и дека веќе ја нема,потоа пребрши со мф крпа,ако тиоди тоа добро понатаму треба да продолжиш со 3М ultra fina паста,исто набави си 200гр и плавиот сунгер на 3М

една до две капки на сунгерот и исто на површина од 30х30 цм почнуваш да полираш на брзина од 900/1100 о/мин,без никаков притисок на полирката,кога ќе се разбие пастата подполно и ќе ја снема маснотијата од пастата пребришуваш со микрофибер крпа,така цела кола ,со среќа .