Благодарам за пофалните зборови,имав понуди од големи авто компании од СК,значи со обезбедено работно место и услови за работа,опрема можам и моја да користам,но тие во нивните сервиси можат да донесат се што ми е потребно за detailing,и да ги опремат по последни стандарди,плата??? отворена е сеуште сметката,само да потпишам треба.Сега станува збор за тоа дека во нашата држава имаме стварно мал број на детаилери,а трендовски е секој врвен бренд во своите автосервиси да има и положба detailing,центрите не штедат пари и време за таа дејност,бидејќи имаат налог од нивните матици дека во најкус можен рок треба да го вклопат во нивната понуда на одржување,со неквалитетно перење на автомобили и одржување на лакот и тие самите губат на гаранцијата што ја издаваат,затоа нивните сервиси и автоперални ќе го понудат најдоброто за едно одржување на возилата од нивниот бренд,проблем е во нашава држава што нема заинтересираност за таа работа,работата изискува големо трпение,интелигенција,енергија и физичка способност,одговорноста е преголема која паѓа на самиот detailer,не е се во парите или фактот дека ќе бидам платен,популарен или фактот дека ќе бидам дел од некоја голема автомобилска групација,тоа мене не ме радува многу,бев две години во тој свет,ме растажува фактот дека цените на тие услугу ќе бидат нереални,треба да плати секој клиент 50% за реклама ,останатото се дели на материјал и заработка,на таков начин со нашиот стандард тешко ќе се доближи професијата detailing ,значењето и придобивките од тоа,и тешко дека ќе проработи свеста со оглед на стандардот на нашиот граѓанин дека воопшти има потреба од тоа,тоа ќе представува повејќе луксуз од потреба,јас сум скромен со скромни Hoby цени,работам сезонски,и работам во двор под летниковец,доволно е за да си го наплатам трудот и материјалот,може да се префрлам во СК,но во сопствена гаража и со сопствени цени.Нормално размислувам за тоа,но сега за сега и тука имам премногу работа,така да ми се намалува капацитетот,искрено веќе ми е непријатно да се правдам зошто не е изводливо да дојдам во СК и да одработам неколку возила од нашите клабери,верувајте дека јас имам поголема желба од вас,бидејќи сум инфициран од оваа болест detailing

,но условите не го допуштаат тоа.Никогаш незнам што ќе ми затреба од опремата,а еден наш член рече дека ќе ми треба камион за сета опрема

,не е изводливо да се селам и да се враќам,ако се преселам СК таму останувам,ваш сограѓанин,имам многу роднини и пријатели таму,можам да се чуствувам како дома,но засега останувам Прилепчанец,не смее никој да помине низ Прилеп а да не ми се јави,посебно за Пиво фестот кога ќе биде,не сакам да бидам само член на овој форум туку и ваш пријател,секогаш расположен за совет и инструкции од мојата област,слободно пишете или вртете на телефон,Дарко и Auto Car Care се достапни за вас 24/7
