Здраво,
Би сакал сам да го исполирам возилото, но затоа што не сум упатен точно кои пасти ми се потребни, со каква опрема треба да го полирам, потребна ми е ваша помош. Сметам дека има луѓе на форумов, коишто доста се навлезени во тематиката па затоа се обраќам тука.
Моментална состојба на возилото:
Во моментов, постојат такви гребаници-холограми што се направени од четки, па доколку можам сам да ги симнам би било супер.
Грижи:
Она што најмногу ме плаши е да не направам некаква штета на лакот, затоа и би сакал да земам некоја паста којашто ќе биде квалитетна.
Прашања:
1. Би сакал да знам, дали може некако со некоја паста да се исполира без да се намали дебелината на лакот, туку само површински за да се добие сјај?
2. Дали е паметно да купам машинка за полирање или е подобро рачно да се помине колата?
Сите совети се добредојдени. Ви благодарам однапред.