Би сакал да научам сам да си ја полирам колата, па да ме упатите што и како треба да постапам? Секој од некаде почнал нели, па некој совет да дадете, од најосновните работи, што треба да се знае, на што треба да се внимава и слично. Да имаше курсеви, би отишол да се научам, мислам дека ова се научува најдобро како чирак во некоја фирма и да ти покажат како се работи. Би сакал да се научам сам да си ја одржувам колата, па можеби еден ден да си отворам фирма и да си работам со тоа(не во МК). Погледав по темата на почетокот првите 10тина страни, ама никаде ништо немаше објаснување за почетници, а темата веќе има 234 страни. Знам дека има различни видеа и страници по интернет каде може нешто да се поднауче, ама ме интересира ваше професионално мислење, што и како треба да се почне. Да бев во Македонија(или летниот период) би сакал да одам како чирак и волонтерски би работел(помагал), истовремено и ќе научам.