Не би рекол дека е хејтспич колку што е сеир и перпетуирање на некои стереотипи. Плус - и ова е реален проблем за Алфа Ромео - купувачите на премиум модели ем генерално играат на безбедна карта, ем остануваат лојални на брендот. Alfa Romeo малку го изгуби тој залет (
како што рече Симо) баш поради долгите временски интервали меѓу моделите.
Инаку, и јас се согласувам дека не е ништо повеќе расиплива од било кој германски бренд. Само малку каснат со технологии (нешто што е
многу важно во премиум сегментот) и мислам дека квалитетот на ентериерот (донекаде материјали, повеќе во контекст на fit & finish) не е на исто ниво со директните конкуренти.
Нејсе, треба наскоро (ако биде све по план, викендов) да ја земам Џулијата и да ја возам, па ќе пренесам мои впечатоци.