Тестот на Motortrend кој со нетрпение го очекував, именуван слично како и нашава тема:
Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio Versus EVERYTHING!Не сум го гледал тестот се уште, прво тука го ставам
EDIT: Изгледан тестот, јасен беше исходот на тестот поради следниве фактори:
- Прво и најбитно, малку контроверзно (и се надевам не сум во право), пофалбите се во време кога Alfa Romeo троши 20 милиони евра за маркетинг на Giulia во USA, вклучувајќи ја и рекламата на Superbowl, еден од најгледаните спортски настани во USA.
- BMW M3 е веќе стара кола која и кога излезе на пазарот, не беше нешто WOW.
- Мерцедесот е all show - no go.
- Кадилакот е само брз Опел, со ѓубре ентериер и ергономика, али според нив, најдобро вози од сите 4 конкуренти.
Е сега, некој ќе рече дека алудирам на тоа дека слабоста на конкурентите е причина зашто Giulia победи на тестот. За жал, не е така, бидејќи Alfa Romeo гледале и учеле каде конкурентите се лоши, и таму ја усовршувале својата кола, и тоа е за пофалба.
Со таквите одлуки, Alfa во моментов е најдобриот all-rounder со возни способности послаби само од Cadillac (според Motortrend), ентериер на ниво на BMW, додека надворешниот изгле е субјективен, и нема да го дискутираме (за мене дефинитивно кола со најдобар изглед меѓу овие 4).
Овој пат, рејс драјверо’ не даде коментар за ниедна од колите, а баш би сакал да го слушнам мислењето, особено во поглед на наводно фаличниот диференцијал.