Во кратки црти, да не била Алфа, Ферари немало да постои.
Не мора да значи, Сигурно Енцо ќе нашол начин да го постигне тоа што го постигнал и без Алфа ромео. Битно е дека историите им се поврзани, значајноста на двата бренда во пред и повоената историја била на исто рамниште. Со превземањето на брендот од страна на FIAT, почнува да биде полека маргинализиран, а Ферари бидејќи поседува поголема автономија, успева да го задржи силното влијание на брендот. Сепак, постарите генерации кои памтат за автомобилизам пред 80-та година од минатиот век, може да ги прашате што значело да поседуваш Алфа Ромео.