Да, кајманот имал повеќе место за багаж, и можело на пазар да се оди со него.

Едни од најчесто спомнуваните предности на Кајманот. Нејсе. Не реков дека не е. Сигурно има и подобра кола од Кајман, Да речеме 911. Сигурно и од 911 има подобра кола, да речеме 488. Не ја разбираш поентата. Ако е за мерење перфроманси, немој да почнуваме, пошто Cayman S има исти перфроманси со бедна алфичка со речиси дупло помалку кубни сантиметри мотор и 50 коњи помалку (на Нирбургринг).
Ама не е се` во мерењето перформанси, туку често е битно кога купуваш кола од ентузијазам, какви емоции буди кај тебе возилото што сакаш да го поседуваш, а не дали ќе ти собере ќеса пипер повеќе во гепек.
Што се однесува до текстот што го постирав за GT 3.2V6, не гледам како е помалку релевантен од оној на Паркерс. За жал, пак само преку призма на перформанси гледаш. Ама тоа е. Затоа реков, има време, не мора да засакаш Алфа како бренд, ама ќе сфатиш еден ден дека не е 0-100 и време на стаза најбитното во автомобилизмот. Битно е кога се тркаш, ама кога не се тркаш, многу други работи го прават уживањето кај еден автомобил.