Жал ми е дечки, мене не ми се допаѓа.
Што конкретно?
Намерно не ти одговорив одма, си дадов време да ми легне дизајнот и ги изгледав сите слики и видеа што се појавија. Сепак, мојот заклучок не се смени.
Она што не ми се допаѓа е:
1. Гледано од напред фаровите се преголеми (зафаќаат 2/3 од предницата), отворите доле исто, долниот завршеток не ми се свиѓа како е изведен и тие малите отвори изгледаат како да се стаени онака, да ги има.
2. Страничниот профил добро изгледа, но од предните тркала нанапред апла делува како да е модел на BMW.
3. Задницата е убава, но не карактеристична за брендот, со тоа што да не е знакот би помислил дека е модел на Mazda.
4. Ентериерот ми е одличен! има елементи како отворите за вентилација, што исто така ме потсеќаат на Mazda, но воопшто не ми смета тука. Воланот е прекрасен!
И на крај, екстериерот на Giulia има за мене премногу елементи позајмени од другите брендови. Нешто што не ми е дозволиво за бренд кој од секогаш сум сметал дека нуди оргинални и емотивни дизајни, кои потоа другите производители пробувале да ги копираат, а не обратно. Се на се не би ја нарекол грда, но е далеку од мојот омилен модел во класата.