Зеро ај до тебе неколку прашања.
Ја земаш на тест Алфата,што се ќе сакаш да пробаш со неа,кои работи ќе ги гледаш?
Ќе почнам од тоа како (субјективно ми) изгледа. Ќе продолжам кон седечка позиција, контроли, итн. После тоа веќе можеме да правиме муабет за комфор на нормални улици (не на тркачка патека) и да правиме муабет за хендлинг, грип, звук, oversteer, understeer, итн.
Лично, страшно разочарување ми е што за кола што е таргетирана како Driver's Car, нема мануелен менувач (истата критика ја имам и за новото Porsche 911 GT3).
Секако, ќе гледам и fit & finish. Сакале ние да признаеме или не, важна работа е. Не знам за ниту еден човек што во 2015-та година ќе одвои 60.000 (или 88.000 евра, во Македонија) за
нова кола и ќе прифати несоодветен фит & финиш. Fit & finish е страшно важна работа. Секако, возењето и возачкото искуство е најважно (особено кај ваков вид на возило), ама да кажеш дека фит & финиш не е битен, треба да си со ептен розеви цвикери.
Ако сакаш со девојка ти да скокнеш до грчка (а притоа немаш кука на 4C), може ова ќе ти помогне:
Хаха, дури и тркалцата се као на Алфа Ромео. Very nice!
EDIT: Сега видов што му пиша на Игор,нема потреба,јасно е.
Јасно, јасно. Јас стварно не разбирам луѓе што се подготвени да удираат со глава во ѕид и да не прифатат објективно дека нивната омилена кола (или пак нивниот омилен бренд) може да има некакви недостатоци. Те почитувам како човек и како пријател, ама не ја разбирам твојата слепа љубов.