Алфич за пич

Колата на зетот. Викендов поминати околу 400 км.
Од опрема е фул со кожи дигитални клими и све што оди со тоа, меѓутоа филингот не беше целосен бидејќи беше со зимски пневматици, односно тукушто купена и регистрирана. Немаше време кога и каде да се мисли за гумите. Колата е крај на 2011 година, со поминати 114К километри, довезена од Франција.
Внатре, надвор е фабрика, додуша има една длапкичка мала на вратата, онаква најмутава направена од друга врата.
Инаку е со 2 литарски JTD агрегат. Брза и стартна е, единствено нешто што не ми се допадна е тоа што е малку бучна, што од гумите, што незнам од што...Над 160 се слуша шуштење во кабината, не екстремно, но во споредба со германски или француски возила од иста класа значително повеќе.
Колата е одлично стабилна и приметив релативно крута и тврда. Лесна е за возење, удобна е на отворено, потрошувачка околу 7,2 литра на брзина од 120 до 15 км/ч, а има и 6-та брзина.
Кога седиштата се вратени до крај, патниците на задната клупа имаат зачудувачки многу мал простор за манипулација со нозете. А и возењето назад на брзина од 150 или 160 км/ч е малку нелагодно.
Останатите работи се ОК, да не зборам за изгледот, нели на Алфа.
И имаше уште една работа која ја приметив, а тоа беше некое моторче или вентилаторче кое ме вадеше од такт и создаваше мутава бучава од типот на зуење кога работи климата. Се на се одлично возило, стегнато, стабилно, брзичко, многу опрема и одличен дизајн.
