@mmm121, Пошто „ми мириса“ на сарказам, само да ти кажам дека не се мешаат баби и жаби

Алфа не е успешна затоа што не произведува 6 варијанти на Giulietta како што тоа го прави Ауди со А3 нити пак 8 варијанти на 159-ka како ауди со а4. Германците ги „размазија“ купувачите со нудење на разни варијанти од возилата, купе, лимузина, караван, 3 врати, хечбек продужен хечбек итн. Тука е моментот на неуспехот на италијаните, а не дека возилата не чинат. Но ќе сфатат набрзо дека треба да исфрлаат нов модел на 3 години и тоа во 1000 варијанти, а не ко` до сега, еден модел па и уште 7-8 години да го држат во производство.
Секоја 159-ка е достоен конкурент во перформанси со соодветно BMW3 или А4, но за жал, 7 години е премногу стар модел за размазените европски купувачи. А сега, па, кога продажбата им се базира на само 2 модели (MiTo, кое веќе плаче за фејслифт и Giulietta која е веќе 2 години стар модел), не е тактика која носи успех.
Во секој случај, ти препорачувам да свртиш кругче во MiTo 155кс или Jiulietta и да ми кажеш дека не чинат и дека заради тоа алфа пропаѓа.