но..... неможе термостат да се продава за 80 евра, или 4 глави да коштаат 2400 евра. Едноставно се специфични за одржување и сервисирање а тоа не поминува кај широка народна маса.
Види проблемот не е во колите, проблемот е во продавачите на делови.
Муабетот е секогаш е „Аааа епа сакаш Алфа да возиш ... “ а нема врска, истиот муабет е и со француските коли азиските .... значи со сите освен германските. Нормално е дека од аспект на еден трговец колку една марка е повеќе застапена толку повеќе обрт и конкуренција ќе има. Застапеноста со Алфа на нашиве улици е далеку од германските. Но, гледам се почесто ги има. што е во прилог (како за кого)
Ќе ти дадам најобичен пример за разлика во цена кај нас и во странство, сум го пишал во други теми,
TRW фабрички дел за Алфа 147/156/ГТ горна виљушка кај нас е 5900 ден, во Британија е ~50 евра, а на еден сајт е 40 евра
Мислам дека лесно е да се воочи заклучокот. А да не заборавиме што кај нас ДДВ е 18 а таму 23 %
Нормално имаш и други произведувачи како Birth, Optimal .. и се движат околу 50 евра. Или најефтина варијанта, рапарација, само на буферите и јабучиците што доаѓа мислам дека околу 1500 ден.
Се зависи колку сакаш да се замараш. Ако отидеш во официјален сервис, знаеш што те чека, како и во секој друг официјален.
Што се однесува до расипливоста, секоја кола си има свои маани, а колку една 147/156 е расиплива можеш да прочиташ низ форумов и темава, сме пишувале многу пати на таа тема. Јас лично, никогаш не бев засегнат од тие муабети пред да ја купам мојата, единствено што гледав е да ја проверам колата како што треба, па после што биде нека биде.
Секој со својата среќа, луѓе купиле и нови од салон коли па си виделе многу повеќе мака отколку некој со 10 год стара кола.