Најпрво да разјаснам дека првпат пишувам во оваа тема, само со цел да прошириме видикот на митовите

Точно е дека кај нас има митови за секоја кола но јас не подпаѓам на никакви митови. Сакам чисто и суштински да навлезам во материјата која мене ме интересира - безбедно, ефтино користење на едно возило.
За безбедно, ќе се согласиме дека нема безбедна кола ако не ја вози совесен возач, додека за ефтино користење на возило би требало сите да возиме германска кола поради достапноста на деловите, или најдобро од се ништо да не возиме. Од мое искуство ти кажувам дека ниедна кола не е ефтина за користење, само месечните трошоци за деривати се мин. 2000 ден.
Затоа ја имаме темата „Кој за што колку платил“, најнов пример од мое искуство
држач за ауспух во овластен сервис (по нарачка, не на лагер) 800 ден
истиот во друга добро позната фирма 270 ден.
Не ме интересира брендот, не ме интересира марката, не ме интересираат приказните за него, не ме интересира имиџот, не ме интересира дали ќе ме гледаат и ќе ми завидуваат за она што го возам...Мене ме интересира да имам безбедно, квалитетно возило кое ќе ме служи долго време и секое сабајле ќе пали и ќе го возам до крај на Европа и назад. Ништо друго не ме интересира. Не ме интересира внатре дали е змиска кожа, греачи на седиште, автоматски брисачи итн, ме интересира само број на воздушни перничиња, безбедносни системи, клима (мануелна е сосема доволно) добри светла, магленки, економично во потрошувачката и најбитно да не се ебавам со мајстори и сервиси што е можно помалку или ИЧ.
Мислам дека сите го бараме ова, освен некои што немаат баш искуство и сакаат да преминат од некоја праисториска кола без греачи на задна шофершајбна на најлуксузна кола.
А за тоа како една кола ќе те служи, зависи како и ти неа ќе ја одржуваш.
Алфа од секогаш си барала посебна нега, дури и сервисирана исклучиво на овластен сервис Алфите секогаш се кенкави и прават проблем. Голем дел од нив се направени да се направени да се возат брзо.
Па не би се сложил баш, единствено нешто што Алфа како и секоја понова кола си бара е добар механичар и електричар, многу сензори, многу кабли. Сите знаеме дека овластените сервиси не се секогаш вистинскиот избор, било од финансиски било од други причини. Проблемот во МКД е што добри механичари и електричари, ретко се наоѓаат, најчестите механичари што ги сретнуваме обично познаваат одреден тип на мотори, и кога ќе им однесеш нешто во што не се разбираат или првпат сретнуваат таков тип на кола, ретко кој е доблесен да рече „Јас не сум го работел ова и немам познавање, најдобро е да одиш на друго место“ Најдобар пример (секако измислен) е „Сервис Трпе“ мајстор за се и сешто.
А за тоа дали се направени да се возат брзо, пак ќе речам, се е до возачот, сите коли се направени првенствено за возење, а „самоубијците“ (јас така ги нарекувам) возат брзо без разлика на типот на возило.
Од една страна се фалите дека возите Алфи (читај скап сервис, чести проблеми, потрошувачка на гориво) а од друга страна штедите на гуми и слични клучни работи (не мислам на тебе лично, погледни ја темата за која дискутиравме за гумите)
Види сеа, криза е, сите гледаме да го добиеме најдоброто за нашите пари. Ова не е случај само со колите, се одразува на се во животот. Нормално, освен ако ресурсот финансиски средства не е ограничен на некој дел од популацијата.
И за крај, секој од нас си го прави својот избор. Јас не се зачленив на овој форум за да си докажувам или споредувам колку мојата кола е добра односно некоја друга лоша. Како економист којшто работи и статистика, споредба меѓу брендови е нерационално губење време, од причина што се сведува на фактот што овие коли за кои дискутираме, ги возиме ние, луѓето а мораш

да се сложиш дека секој од нас е различен, и поради тоа критериумите за споредба се неважечки.
Апелирам до сите членови, да дискутираме на нормален начин, најлесно е некој коментар лично да се сфати и да почне непотребна дискусија којашто неретко на крајот се сведува на лични навреди.