Кога ќе слушнев Алфа порано, добивав наплив на убави емоции од 159, 147, Brera, па дури и поновиве SUV како Stelvio итн...
Сега ја видов темава, одма ме потсети на последната Алфа што ја загледав подетално во живо - Junior во црна боја.

Настрана сите скандали пред излегување, менување на името итн...како можеа волку грда кола да направат? Слично како овие идиотиве од Ферари, убива цела мистичност на брендот кога ќе видиш дека луѓето позади брендот немаат вкус.
Знаете зашто ја „загледав“? Бидејќи ми личеше на прв поглед како да е удрена, заради екстремно глупиот дизајн на знакот на пластика, особено евидентно на црниов модел...