Незнам зошто вакви негативни мисли и коментари.
Јас сум сигурен дека 90% од луѓето не сакаат да менуваат брзини, јас 100% не сакам и тоа го застапувам како мое мислење, како на форумов, така и секаде.
Јас минатава недела поминав со кола со заден погон и 400+кс повеќе километри со 200+ км/ч него ли некој луѓе што имаат цел живот поминато на таа брзина, ама тоа не ме прави меродавен да кажувам дали нешто е точно или не. Десетина луѓе од форумов што ме знаат и секој ден сум во контакт со нив знаат што, како и зошто возам.
Секој си има своја префернца, мојата е таа. Дека менување на брзини со рачен менувач на автопат, во град или на регионален пат е најјглупо нешто што постои на светот.
Сега може да си романтизираме тука 300 глупости и да се убедуваме, али освен на Андреј колата, друга никоја кола на форумов нема некоја било каква логична причина да биде мануелец освен заштеда/заработка на произведувачот или долгото убедување на плебсот во Европа (меѓу кој и јас) дека мануелец ти дава некоја си слобода. Може дава за мерак на некое викенд возило, се друго е ветер во магла и во тоа сум убеден 1000%.
Се слагам со делот дека најјбитно на ЦЕО-та е да направат што повеќе ќар, и ме нервира тоа. Ама дека мануелците се некое добро е само глупо романтизирање на некоја стара навика. Исто како што кога струјата зимала замав сите викале дека свеќите се подобар извор на светлина, како и со плинот како греење, климите... и уште 300 примери.
Е сега зошто ние сме во Европа каде што се битни 30000 прописи и глупости и се гледа секој денар да се извлече од народот низ некаква ЕКО такса или доплата за нешто, па вградено е во луѓето дека така е добро, тоа е друго.
Спортски поздрав!
Тесалоники 4Евер. Мануел невер!
Нема негативни мисли и коментари, само си дискутираме за нормални автомобилистички работи, без нервози само

Ама стално кога ќе видам некое забавно возило со мануелец, ми текнува на тебе, и „на какви маки“ се луѓето..
Ех, како би се мачел со едно вакво:
https://www.autoscout24.ch/en/d/alfa-romeo-giulia-29-v6-quadrifoglio-510ps-20496592?slide=11Еве јас разбирам дека ти не сакаш мануелци - твое си е правото, ама толку. Друго све што кажуваш, во најмала рака не е точно. Ни тоа кои коли „заслужуваат“ мануелен, ни зошто постојат, ни зошто луѓето сакаат мануелци и во нормални коли, ни дека е некое мачење возењето мануелец, или дека тоа луѓето не го признаваат.
Ако возиш 400+ коњи и аутоматик и 200+ возиш по патиштата, не значи дека си порелевантен да кажеш дали треба колите да бидат со мануелец или автоматик, од некој на пример, што вози 1.6 Mazda MX5 со мануелен менувач и 120кс и не може ни во сон да постигне 200кмч. Јас верувам дека овој со маздава исто се забавува и ич не се мачи кога ќе седне да вози.
Споредувањето со греење на дрва и свеќи вс струја е логичка грешка (fallacy), која се нарекува „Погешна аналогија“, така да нема да ги дискутирам.
Од друга страна, многу работи кои припаѓаат на минатото, мноогу подобро ги хранат нашите сетила од модерните. Еве ти неколку примери:
-Аналогни механички часовници. Секако дека новиве дигитални се и попрецизни, и може ректална температура да ти мерат, ама многумина преферираат механички уред кој единствено покажува врмее - и тоа не баш најпрецизно.
- Винил музика. Спотифај и дигиталниве сервиси се фалат со миљарда битрејтови, луслес компресии, коа сакаш и колку сакаш музика, ама чуството кога ќе седнеш, ќе го отвориш омотот, самиот мирис на картон и самата интеракција со носачот на звук и тоа што ти си тој што ја овозможуваш музиката и конечно ја поседуваш таа музика (не ти е на претплата), далеку повеќе носи задоволство кај некои луѓе.
- Книги со станици, наместо дигитални читачи. Иста работа, интеракцијата со книгата, вртењето страниици, самата текстура на хартијата мирисот, многу подобро чувство од киндл.
Да не набројувам и други примери.
Да се вратам на мануелниот менувач, без разлика што мојата кола нема ни половина од коњите што ги има твојата, и без разлика што двеста не сум развил од минатиот петок, сепак го сакам тоа чувство на ангажираност, тактилното механичко чуство и „управување со процесите“, како и емотивната врска со моето возило. Можам да ти кажам само дека тоа што ти мислиш дека е мачење, за мене е посебно чувство на задоволство.