Денес на патот од Средно Водно накај Македонско село ја сретнав без сомнеж најдобрата 75ка во Македонија, можеби и пошироко.
Поразговарав кратко со сопственикот и без да навлегувам во детали, колата е совршена. Од скоро е "завршен" проект, целосно ОЕМ, јас останав запрепастен.
Алфата имала поминато само 30 и неколку илјади километри и згора на тоа шлаг на тортата е V6 Busso моторот.
Штета што не направив фотографија за мене, а богами и за тука.