Автор Тема: Alfa Romeo vs Everything Else!  (Прочитано 1266699 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8595 на: 07 Февруари 2017, 18:46:50 pm »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8596 на: 08 Февруари 2017, 16:25:31 pm »
Тестот на Motortrend кој со нетрпение го очекував, именуван слично како и нашава тема:

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio Versus EVERYTHING!


Не сум го гледал тестот се уште, прво тука го ставам ;D


EDIT: Изгледан тестот, јасен беше исходот на тестот поради следниве фактори:

- Прво и најбитно, малку контроверзно (и се надевам не сум во право), пофалбите се во време кога Alfa Romeo троши 20 милиони евра за маркетинг на Giulia во USA, вклучувајќи ја и рекламата на Superbowl, еден од најгледаните спортски настани во USA.

- BMW M3 е веќе стара кола која и кога излезе на пазарот, не беше нешто WOW.

- Мерцедесот е all show - no go.

- Кадилакот е само брз Опел, со ѓубре ентериер и ергономика, али според нив, најдобро вози од сите 4 конкуренти.

Е сега, некој ќе рече дека алудирам на тоа дека слабоста на конкурентите е причина зашто Giulia победи на тестот. За жал, не е така, бидејќи Alfa Romeo гледале и учеле каде конкурентите се лоши, и таму ја усовршувале својата кола, и тоа е за пофалба.
Со таквите одлуки, Alfa во моментов е најдобриот all-rounder со возни способности послаби само од Cadillac (според Motortrend), ентериер на ниво на BMW, додека надворешниот изгле е субјективен, и нема да го дискутираме (за мене дефинитивно кола со најдобар изглед меѓу овие 4).

Овој пат, рејс драјверо’ не даде коментар за ниедна од колите, а баш би сакал да го слушнам мислењето, особено во поглед на наводно фаличниот диференцијал.
« Последно менување: 08 Февруари 2017, 17:12:17 pm MartinAlfista »

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8597 на: 08 Февруари 2017, 17:47:14 pm »
За мене сеуште си останува Ц класата врвот во сегментот, само Кадилакот би го земал ако не можам Ц класата.  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8598 на: 08 Февруари 2017, 18:23:40 pm »
Ако BMW e „dynamicaly decade behind“ тогаш мерцедесот е... пола век?
Секоја чест за Cadilac-от, и покрај неговата ружноќа, ме изненади на тестов.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8599 на: 08 Февруари 2017, 18:37:11 pm »
Правосмукалки се алфата и бмвто, требале да стават опција фејк нота од мотор да доаѓа од звучници.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8600 на: 08 Февруари 2017, 18:53:06 pm »
Правосмукалки се алфата и бмвто, требале да стават опција фејк нота од мотор да доаѓа од звучници.

Ја го хејтам тоа. Ако не чини звукот од моторот/издувот, барем раатот внатре не ми го расипувајте со фејк звук од мотор низ звучници.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8601 на: 08 Февруари 2017, 19:04:32 pm »
Се зезав за фејк звукот низ звучници, бмв мислам дека има направено такво нешто во некој модел, глупости живи. Тебе ти се допаѓа звукот турбашиве што го вадат? На низок обртај звучат многу добро, што ради издувот а и зошто нема буст од турбото, ама кога ќе се напуни преовладува шумот од турбото ич не ми го прави кејфот тоа.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8602 на: 08 Февруари 2017, 19:39:20 pm »
da se potsetime malku za najdobrite alfi



« Последно менување: 08 Февруари 2017, 21:20:08 pm Simo - Carrier159 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8603 на: 08 Февруари 2017, 20:07:55 pm »
За мене сеуште си останува Ц класата врвот во сегментот, само Кадилакот би го земал ако не можам Ц класата.  :D

Luxury вожња - Mercedes
Динамична вожња - Giulia/M3

Искрено не знам меѓу овие две, мада мислам дека би одел на Giulia-ата, некако ми е баш повеќе колку што сакам да биде да не го земам BMW-то.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8604 на: 08 Февруари 2017, 21:12:06 pm »
Тебе ти се допаѓа звукот турбашиве што го вадат?

Овие два турбаши конкретно - не. BMW-то ми има некој неартикулиран звук, не знам на што ме потсеќа ама на мотор од кола сигурно не. Кај Алфата пробале да изглумат нешто со издувот, сличен е на италијански V6 со поголем дијаметар издув ама се осеќа дека не е природен.

Како и да е, не смееме да се буниме. Поради тие турбиња ;D коливе се стигнати до ова „дереџе“ (505 коња од 2.9 литарски мотор, се граничи со нереално, и веројатно уште ќе го билдаат за некоја лимитирана едиција на Giulia).

Да се вратиме на звук и фејк звук од звучници: јас сум голем противник на пуштање фејк звук низ звучници. Ако колата звучи шит, нека звучи шит и нека не ме замара внатре со фејк звук. Ако решам да крузам на автопат на 3500 вртежи, внатре ќе биде полудувачка наместо да е тишина, во мир и брзина да стигнеш на дестинација.
Ако звучи моќно како C63 S, нека извадат 15цм квадратни изолација кај лонците, нека си влага малце звукче, нема да ми смета бидејќи е вистинско.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8605 на: 08 Февруари 2017, 21:21:01 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8606 на: 08 Февруари 2017, 23:45:35 pm »
Ја видов во понеделникот сабајле на Лукоил према Еуроимпекс. :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8607 на: 08 Февруари 2017, 23:57:34 pm »
На 166ката фалеше некој малку поотворен бандаж, да се покажат шепите и да се модернизира и од профил, како што беше модернизирана од напред. :)

Колиште, картинг од 4.7 метри!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8608 на: 09 Февруари 2017, 00:18:07 am »

Овие два турбаши конкретно - не. BMW-то ми има некој неартикулиран звук, не знам на што ме потсеќа ама на мотор од кола сигурно не. Кај Алфата пробале да изглумат нешто со издувот, сличен е на италијански V6 со поголем дијаметар издув ама се осеќа дека не е природен.
Giulia-та нема фејк издув и е сосема природен. Звукот е таков каков што е, поради нестандардниот за V6 распоред на радилицата. Бидејќи се работи за 90o V6 мотор дериват на ferrari-евата V8-ca, распоредот на радилицата е малку „офсет“:

Цитат
In the V6 with 90° between cylinders, split crank pins are required to offset the connecting rods by 30° to achieve an even 120° between firing intervals, and crankshaft counterweights are required to offset the primary imbalances. In the 90° V6, a balancing shaft is desirable but not entirely necessary to minimize second-order vibrations, depending on the level of smoothness required. The main advantage of the 90° V6 is that it can easily be derived from an existing 90° V8 design, and use the same parts as the V8.

Unfortunately, a 90° V6 cannot use the same technique that balances an even firing 90° crossplane V8 engine; rotating the middle two cranks to 90° from the outer two, using extra-heavy counterweights on the crankshaft to offset the rocking motion, and then using the mass of the pistons in the other cylinder bank at 90° to counteract the side-to-side rotation that the heavy counterweights would otherwise cause (resulting in an engine that is in perfect primary and secondary balance, albeit one with very heavy crankshaft counterweights and uneven firing intervals into the exhaust headers, resulting in the familiar V8 "burbling" exhaust note).

A simple 90° V6 cannot achieve the same smoothness with only crankshaft counterweights, and if the 90° V6 uses shared crankpins like the V8, the engine will have uneven firing intervals, such as in the original "odd-fire" Buick V6 engine. This uneven firing interval results in roughness at idle and low RPM, and varying harmonics at higher engine speeds, making the "odd-fire" configuration unpopular with buyers, so most manufacturers now use split crankpins to make the firing intervals an even 120°. Therefore, designing a smooth V6 engine is a much more complicated problem than the straight-6, flat-6, and V8 layouts. Although the use of offset crankpins, counterweights, and flying arms has reduced the problem to a minor second-order vibration in modern designs, all V6s can benefit from the addition of auxiliary balance shafts to make them completely smooth.[9]

Нема ништо фејк во Giulia-та. Им ги отвори очите на заспаната конкуренција (што го докажува и брзо-брзо вадењето на M3 performance pack).  
« Последно менување: 09 Февруари 2017, 00:33:08 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #8609 на: 09 Февруари 2017, 08:27:58 am »
Нема ништо фејк во Giulia-та. Им ги отвори очите на заспаната конкуренција (што го докажува и брзо-брзо вадењето на M3 performance pack). 

Без разлика која марка е, најмногу мразам кога некоја кола си има име, ама ја заебале работата и кога вадат фејслифт закачат уште пет именки заменки позади името, само и само да докажат дека ова е истиот модел само подобрен. Пред крајот на производството ќе има м3 перформанс пак лимитед едишн блек, 30 годишнина на Џони Чекото....  ::) ::)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.