156 GTA идела само во МК1 верзијата, и има пошироки задни полумесеци. Многу преправка ќе им било и цела кола позади да ја оправаат...
Како и да е, мене како што поминува време, МК1 ми станува поубава од MK2.
Уствари кај Алфа 156 моделите се CF1, CF2 и CF3 ама да не тупам многу.
Уствари не. CFx се ознаки за моторите на алфа, односно кои емисии ги задоволуваат, а не за моделските верзии. Моделските верзии се означени со MYxx според моделската година, со тоа што иницијалната изведба нема „МY“ а некоја измена не мора да биде означена со MY.
Еве на пример, мојата 159-ка е означена официјално вака:
X8 - 159 MY11 (2010-2011)
140CBB301000 - BN 1.8 T CF5 S.PLUS 6M 200 CV GS I/CE
Engine: 6497767 Vehicle: 07231562 Manuf. date: 13/9/2010
Моторот е CF5 (ова да ти значело Alfa Romeo terminology, CF stands for "Clean Fuel" )
Другите моделски изведби на 159 се :
X8 159 MY11 (2010-2011)
X9 ALFA 159 (2008-2010)
X3 ALFA 159 (2005-2008)
За 156 има две битни промени во тек на времето:
1. иницијалната изведба во 1997
2. „внатрешен“ фејслифт, почеток на 2002, каде е сменето многу работи во внатрешноста, нов деш, дигитална клима од 147, ASR/VDC, поквалитетни материјали воведување на 2.0 JTS место 2.0 T.S. (другите мотори остануваат Twin Spark освен секако V6), додека од надвор добива само минимална „козметика“, обоени ретровизори и лајсни на браници-претходно црни. Оваа варијанта го презентира и GTA моделот.
3. Giugiaro фејслифт-от, 2004 година носи надворешни промени, да не ги опишувам сите сега, додека внатрешниот дизајн останува како и претходно. GTA моделот останува непроменет
Моторите се следни по години:
раните верзии 97-98, имаат CF1 мотори
99-2000 CF2
2001-2005 CF3
Од 2005-2007 се нудат само ограничени верзии, зошто веќе е 159-ката со CF4 мотори актуелен модел, ова ситново што се произведува се со дизел мотори и JTS затоа што може да задоволат Euro4 старнард.