Ај бе не ја серете темава сеа со глупости. Чоекот што бара кола си кажал дека не му е битен перформанс, туку да e убава на око и практична колата.
Сите бројки и податоци укажуваат дека крузот не може да се пофали со перфромансите и плус истото ви го кажува човек што од прва рука го дознал и осетил тоа. Значи ја возел колата, ја имал на тест. Тоа што крузот е навистина одлична понуда и е можеби best buy на пазарот, никој не го оспорува.
Е сеа, проблемот кај изборот на кола за цената која што е наведена е тоа што има навистина премногу избор и тоа на различни класи на возила. Значи има мали нови градски симаптични возила(фиеста, клио, поло, свифт, рио...), има малку поголеми градски возила кои што се класа погоре од претходно наведените и се на акција(астра класик, круз, сид) и ги има тазе излезените мали седани(301, c-elysee и рапид).
Најубаво е прво самиот да види што сака, да ги види цените на колите со опремата што ја посакува и тоа што највише ќе му одговара, да отиде и да си разгледа фино лепо у салон и да си побара тест вожња.
Не знам дали бил по салони и ги разгледал колите, ама ако не го направил тоа, многу е тешко да помогнеме затоа што како што кажав станува збор за избор помеѓу различни класи на возила и сите се фатија на метро да купуваат, а на човекот можеби повеќе ќе му се допаѓа некое помало градско количе од колку некој седан. Плус и различно се понашаат колите у вожња, затоа реков да отиде да проба, да види и да си напраи една конечна листа од неколку возила, затоа што за 12000 евра и те како има избор.
Edit: А, да се префрли темава во нови автомобили