Автор Тема: Tapaciranje na volan  (Прочитано 100184 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #60 на: 23 Ноември 2016, 15:14:05 pm »
Според мене  подобро е да ставиш од негова бидејќи утре задутре ако се излиже може да му се жалиш да му рекламираш вака оди жали се таму кај што си ја купил па ебавај се. Нема да го занима ако се излиже. А и сигурно мајстор што се бави со тапацирање нема да стави неквалитетно парче не е глуп утре да му доаѓаат луѓе да си праи проблеми, а и како што кажа не е којзнае колку скапа кожата.

И дали тој охриѓанец работи со карго превземање и носење и праќање прво и основно? Пошто да одиш ти до охрид па да се враќаш ништо не си заштедил... А и догговарање по телефон за комбинации за боја на конец... Поубаво е на лице место.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #61 на: 23 Ноември 2016, 19:48:43 pm »
Славче нема интерес да тапацира само волан. Него веќе името му кошта. Со самото тоа што сакаш да го ангажираш, треба да му го платиш времето што нема да работи на тапацирање на некој луксузен автомобил.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #62 на: 13 Февруари 2017, 23:08:40 pm »
^
Не е тоа дека нема интерес за само волан туку нема доволно време, одбиваме може над 100 волани годишно затоа што немаме време. Имаш започнато проект а ти зимаш да правиш волан и денес волан, утре волан, проектот се забавува. А воопшто не сакаме и не е убаво да одбиваш клиент, ама тоа е...

Вчера недела не ми се седеше дома па земав на комбето воланот си направив. :D

Кога ќе имам слободно време ќе го направам и во средина капачето.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #63 на: 14 Февруари 2017, 00:45:23 am »
не си нормален.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #64 на: 14 Февруари 2017, 00:46:40 am »
1м2 кожа не е повеќе од 20-25 евра.
Знаете ли колку волани се тоа? За 120 евра бар 10 волани се прават.
Поарно ќе му купам на Охриѓанецот кожа, нека го истапацира како треба за 1200 ден.

Да да исто така, и охриџанецот сигурно на тоа чека. хаха

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #65 на: 14 Февруари 2017, 01:01:48 am »
не си нормален.
Си спремам уште нешто за мене деновиве. :)

1м2 кожа не е повеќе од 20-25 евра.
Знаете ли колку волани се тоа? За 120 евра бар 10 волани се прават.
Поарно ќе му купам на Охриѓанецот кожа, нека го истапацира како треба за 1200 ден.

Да да исто така, и охриџанецот сигурно на тоа чека. хаха
Типична македонска работа...
За 1200 денари блуза неможеш веќе да си купиш а не некој да ти истапацира волан со врвна квалитетна кожа.
А ако мислите дека волан се прави со било каква кожа односно со каква ќе најдеш таква сте се заебале.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #66 на: 14 Февруари 2017, 23:39:05 pm »
за 1200 јас не шприцам волан па уште тапацирање за 1200 :).Кај нас со скај зимаат 2000ден.море каков скај,што зборам јас,за со Durex бараат 2000.За со квалитетна кожа мислам дека испод 70€ не треба да биде поефтино.И со квалитетна кожа е уште потешко да се опшие мислам.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #67 на: 14 Февруари 2017, 23:59:57 pm »
Оваа кожава дено шо ја користел на воланчево ми се бендисва

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #68 на: 15 Февруари 2017, 00:43:38 am »
за 1200 јас не шприцам волан па уште тапацирање за 1200 :).Кај нас со скај зимаат 2000ден.море каков скај,што зборам јас,за со Durex бараат 2000.За со квалитетна кожа мислам дека испод 70€ не треба да биде поефтино.И со квалитетна кожа е уште потешко да се опшие мислам.
Подобро со чорапи ќе го измотам подобар ќе биде отколку да ми го истапацира некој за 20 евра...

Волан ти е најкоплицирана работа за правење, од право парче кожа да облечеш тркало и секое рабче секое бодче да ти дојде милиметарски точно и сето тоа рачно...без очи и прсти ќе останеш... и да не мрда кожата кога го вртиш да биде споено како едно. Е тогаш ќе имаш здрав и квалитетно изработен волан. Професионално и квалитетно изработено.
А за сето тоа да го добиеш најбитна е кожата и мајсторот секако.
« Последно менување: 15 Февруари 2017, 00:52:37 am Deno »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #69 на: 15 Февруари 2017, 09:53:52 am »
Полека се учиме дека услуга/занает треба да се плати, а не да рачунаме колку го кошта мајсторот да го направи. Браво Дено, одлично изгледа воланчево :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг:
« Одговори #70 на: 15 Февруари 2017, 11:02:58 am »
Се додека услугата не надмине некоја логична саатница.
Не викам за воланов конкретно, ама има бајаги што бараат 600еур а за тоа што бараш им треба 10 работни саати. Што доаѓа 60евра на саат. Епа дечко ако така одиме по 8 саати на ден и 20 работни дена 10000 евра плата испаѓа дека бара дечкото за мајсторлук. Не ќе да е реално тоа. ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #71 на: 15 Февруари 2017, 14:05:55 pm »
И после ќе ти речат „Ама знаеш во Германија колку е скапо тоа?“
Па оди во Германија де, работи таму :)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #72 на: 15 Февруари 2017, 16:35:54 pm »
Се додека услугата не надмине некоја логична саатница.
Не викам за воланов конкретно, ама има бајаги што бараат 600еур а за тоа што бараш им треба 10 работни саати. Што доаѓа 60евра на саат. Епа дечко ако така одиме по 8 саати на ден и 20 работни дена 10000 евра плата испаѓа дека бара дечкото за мајсторлук. Не ќе да е реално тоа. ;)
Е добро де и проститутки, адвокати и психијатри толку наплаќаат, дури и повеќе.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #73 на: 15 Февруари 2017, 20:45:31 pm »
^
И они си го ценат занаетот. :D

Се сложувам со имињакот. Се си има граници до каде треба да се оди.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #74 на: 15 Февруари 2017, 21:20:05 pm »
Се знае тарифа за тапацирање волан. 50-60-тина евра мање-више некое евро.
Све што е над тоа, за наши услови е многу.

Епа дечки, со задоволство ви го претставувам РЕМЕК делото и вајарско је дело на МАЕСТРО ПАНЕ!!!!!!!! Фантастично изведено, запрепастен бев кога го видов.  Секоја чест!

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Процедурата траеше од прилика 7 часа и чинеше 2500 денари. Алал нека му се и пари и се :)

Следно во блиска иднина е кроење навлака за мењачот кај него.