Автор Тема: Tapaciranje na volan  (Прочитано 100173 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #270 на: 24 Октомври 2023, 21:52:58 pm »
Ако имаш гумен волан и сакаш да остане гумен, во ред. Ама од кожен да го враќаш во гумен...

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #271 на: 24 Октомври 2023, 22:32:36 pm »
Ако имаш гумен волан и сакаш да остане гумен, во ред. Ама од кожен да го враќаш во гумен...
cisto e staveno da se ima na um deka i vakva opcija postoi.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #272 на: 24 Ноември 2023, 09:14:45 am »
Ај некој од вас кој имаат земено навлака за волан на шнирање од Али експрес, да споделат дали е добар квалитетот?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #273 на: 24 Ноември 2023, 09:32:02 am »
Јас за Пежото и @Diesel за Сузукито.

Квалитетот е океј за скај/вештачка кожа, ама ако најдеш real leather опција и ти е прифатлива цената, земај..

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #274 на: 24 Ноември 2023, 10:25:16 am »
Ја нарачав али со нашиве поштари да се молам дека ке стигне

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #275 на: 24 Ноември 2023, 11:18:20 am »
Крадат?

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #276 на: 24 Ноември 2023, 12:04:26 pm »
Ги мрзи да искочат на терен донесат, или денешна ситуација два пакета у пошта полни позади пулт тоа е работа на поштарот со него видете а каде е поштарот па го нема итн... ке ги донесе он последен одговор (порано имаше еден постар човек све навреме носеше)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #277 на: 24 Ноември 2023, 12:43:23 pm »
Јас за Пежото и @Diesel за Сузукито.

Квалитетот е океј за скај/вештачка кожа, ама ако најдеш real leather опција и ти е прифатлива цената, земај..
Што би се десило оригиналната кожа да ја извадам, да го ишмирглам воланот и ставам ваква од Али експрес со неостик плус шнирање?  Или само мене вакво нешто ми текнува?

За пратките од Али експрес јас ги пратам од телефон, штом стигне во поштата во Карпош 3 одам и си ја подигнувам од таму. Ова почнав да го практикувам кога нарачав сајли за хауба, чекај чекај, поштарот абер нема, а поминаа сигурно 2 месеци, тркнав до таму, му кажав број на пратката ми викаат ооо дечко ова вратено е, поштарот бил ама не те нашол 😏 За среќа провери во пратките за враќање, па ја најде.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #278 на: 24 Ноември 2023, 13:04:03 pm »
Да сум на твое место, пошто веќе си се дрзнал да ја оштетуваш фабричката кожа, попрво би ја извадил, би го исчистил воланот после од остатоци, би нашол некој да ми скрои real leather по шаблон од оригиналот, па тек онда неостик и обшивка.

И добијаш комплетна реставрација.

НИКАКО не ставај од алиексперс навлаките ако веќе ја вадиш оригиналната кожа. Послушај ме.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #279 на: 24 Ноември 2023, 20:32:31 pm »
Јас за Пежото и @Diesel за Сузукито.

Квалитетот е океј за скај/вештачка кожа, ама ако најдеш real leather опција и ти е прифатлива цената, земај..
Што би се десило оригиналната кожа да ја извадам, да го ишмирглам воланот и ставам ваква од Али експрес со неостик плус шнирање?  Или само мене вакво нешто ми текнува?

За пратките од Али експрес јас ги пратам од телефон, штом стигне во поштата во Карпош 3 одам и си ја подигнувам од таму. Ова почнав да го практикувам кога нарачав сајли за хауба, чекај чекај, поштарот абер нема, а поминаа сигурно 2 месеци, тркнав до таму, му кажав број на пратката ми викаат ооо дечко ова вратено е, поштарот бил ама не те нашол За среќа провери во пратките за враќање, па ја најде.
Истото и јас го помислив пред да ја ставам таа од али. Но се предомислив и не сакав да ја уништам фабричката кожа затоа што кај мене е здрава само требаше да се префарба. Неостик немаш потреба да ставаш ако си нарачаш по тип на возило. Инаку мојава е наменета баш за така, да се извади старата и да се стави новата.

Друга работа, на али има и кожни навлаки скроени по тип на возило. Е сеа дали ќе најдеш баш за твоето возило, незнам. Еве погледни, кожна е, мислам дека 20-25 евра ја платив. Е сеа да не се лажеме кожава е некоја втора, трета класа и е доста тенка во однос на фабричката. Ама па сеуште не е мрдната.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #280 на: 25 Ноември 2023, 10:16:41 am »
Јас веќе еднаш пробав да го освежам. Најверојатно и претходниот сопственик има пробано, бидејќи кога го чистев излегуваа црнила, претпоставувам боја излегуваше. Го чистев со чистач за кожа и четка, го истругав со скоч, го одмастив со алкохол и почнав да го премачкувам со боја за кожа, ја нарачав од Али експрес од оние во мали кутивчиња. Супер искочи, ми правеше мерак, но најверојатно на некој места, поточно на едно изгледа нема фатено убаво бојата па почна да излегува и да се појавува сјајна површина, тука изгледа слабо сум гребел со скочот т.е припремата ми е слаба. Навлакава гледам стигнала денес, да дојде во пошта ќе ја земам и ќе ја ставам врз кожата. Може и да ја искористам за шаблон, да купам кожа и да скројам некое парче. Треба да видам индустрискава машина за шиење дали може кожа да пробива кожа. Само страв ми е да не се заиграм па со неа 😆

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #281 на: 25 Ноември 2023, 10:32:47 am »
Colourlock боја кај ТЕ-ЕН, бели дека доживотно трае ова за разлика од Motip за аматери.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100046971169404&mibextid=ZbWKwL

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
    • MVP Ring
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #282 на: 10 Февруари 2024, 16:29:08 pm »
Навлакава е од Али, околу 700 денари мислам дека беше. Ја имав порачано уште лани но така седеше во гепек. За 700 денари, квалитетот е топ на прв поглед.

Сам ја шиев. Не ми испадна идеално, но е доста по добро од гумен волан. Знам каде згрешив, па нареден пат очекувам многу подобар резултат. 5 часа ми зеде се на се, и да имав добра самолеплива трака многу подобро ќе испаднеше.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #283 на: 11 Февруари 2024, 10:02:57 am »
Супер испаднало истово ме чека ми стигна али чекам времево да се зголеми и да и влезам, кажи ми каде треба да де пази при шиењето?

Пс. Последна шанса каде може да набавам парче кожа што користат за тапацирање волани делови од ентериер итн има ли некој информација, сакам да се позанимавам малце секоја информација би била добредојдена

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Tapaciranje na volan
« Одговори #284 на: 11 Февруари 2024, 10:32:27 am »
@kire95 Не знам за место , ама може да ти потврдам од шо имам видено лично од раазлични мајстори, дека  квалитетот на кожата на сите овие шо тапацираат волани и слично е подпросечен сите јавуваат за година две нешто, изработката била добра во повеќето случаи. Некое еко лајно сите користат, а повеќето наплаќаат како кожа од ној да користат. Оваа навлаката од погоре е од истиот квалитет, ако не и поарен, ако ти се замара со стружење на воланот да го ослабнеш  за да не дојде како кифла да држиш и внимателно шиење и лепење, можеш да постигнеш солиден резултат.
 Ако  не е гумен, ако е кожен, би гледал да ја репарирам и зачувам постоечката кожа, освен ако не е излитена до пластика.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html