Како што и мислев..
Филмот е ценет поради тоа што веројатно за првпат разработува идеја од која денес произлегуваат многу подобри филмови од него, али самиот филм ко филм не го издржал тестот на времето, што значи дека денес да го гледаш ( без да го знаеш она што го пишав) ке ти биде досаден.
..што не е случај кај други култни фимови како 2001 Space Odissey, Alien 2 итд...
Toa „тест на времето„ е многу релативна работа, кога се работи за уметност.
Овде практично зборуваме за популарност на подолг временски рок. Популарноста сама по себе е тесно поврзана со комерцијалниот аспект. Поголемиот дел од популацијата одсекогаш преферерирала комерцијални работи (и не само во сферата на филмот).
Постојат многу филмски дела кои биле и ден денес се ремек дела, ама „слабо поминале„ кај генералната публика. За разлика од генералната публика, многу познавачи и ден денес ги ценат.
Блејд Ранер бил популарен на времето (јас нешто покасно го гледав), не толку заради неговите прави вредности, туку заради одредени негови аспекти кои на времето биле популарни: СФ со одлична глумачка екипа, вештачка интелегенција, добри ефекти -одлични за времето, лично имам видено копија од анимацијата работена во Lightwave на Амига (кој го знимала анимација на времето знае за кој софтвер зборувам).
Како и да е, погрешните работи заради кои Блејд Ранер бил популарен на времето, денес се надминати... и филмот нормално не е популарен или допадлив за сите кои го гледаат од површен аспект.