Spacetime е 4та димензија, ама не за нас. За нас е 3 димензионален затоа што не можеме да патуваме низ времето.
Една работа е дали постои, друга работа е дали ние го перцепираме тоа.
Земјата се движи со многу големи брзини во апсолутни рамки: ~450 м/сек од ротацијата на екватор, ~30 км/сек од ротацијата околу сонцето, 220 км/сек од ротацијата околу центарот на нашата галаксија и 390км/сек во однос на претпоставениот центар на космосот од каде настанал со големата експлозија (Big Bang) заради експанзијата на свемирот.
( Некој на форумов спомна го возеле 250км/ч или 67 м/сек. Кое достигнување во космички размери

)
Незнам дали некој е свесен за ова, ама јас воопшто не сум ни приметил досега.
А постои, бидејќи е реално измерена и со едноставен експеримент докажана индиректно преку експериментот за потвдување на специјалната теорија на релативитетот: Споредувано е времето на два атомски часовници, едниот мирува на површината на земјата, а другиот го возат со авион неколку илјади километри. Потоа го споредиле времето на двата часовници и увиделе дека часовникот што патувал каснел во однос на референтиот што мирувал - за него времето „течело“ поспоро.
Часовниците на сателитите (комуникациски, ГПС...) постојано се корегираат бидејќи остапуваат со оние од земјата иако се перфектно точни.
Тоа што немаме референтна точка за споредба и изоштрени сетила за да го приметиме, не значи дека ги заобиколуваме законите на природата.
Самите природни закони се такви да времето односно простор-времето се закривува за сметка на разликите во гравитацијата и брзината.
Се' ова и уште многу друго прекрасно објаснето од:
Brian Greene
https://www.youtube.com/results?search_query=brian+greene+physicistNeil de Gras Tyson
https://www.youtube.com/watch?v=XFF2ECZ8m1A&list=PLsk0kZMbFl29a-crX8Zwq8s_okbX45vmD